разретчен прид.

разретчен (прид.)

Низ разретчените бранови на нејзината коса тој го читаше написот врз темното тело на бродот Викторија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Не, одрече старицата со последни, разретчени коси, нема да заминам, ниту ќе умрам сѐ до оној час кога ќе ја видам пред себе онаа што ќе дојде да ме замени!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Пена на Танаско, чиниш целата развлечена во насмевка, не ги потргнуваше очите од Пелагија. Ѝ се виде разубавена како китка и со некоја чудесна, волшебна светлина под разретчениот јаглен на кожата од лицето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Со посебно внимание Поетот се однесува кон разретчената коса и кон брадичето, кое, за жал, од неодамна и не е компактно црно, туку на повеќе места оснежено, а помеѓу врвот на брадата и долната усна постои и едно бело перче што потсетува на дамка од млеко, или траг од шампита.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)