рамнина ж.

рамнина (ж.)

Борците наши долу слагаа, долу в полето - рамна рамнина, и за слобода борба водеа, славна Дебарца, Славеј Планина...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Прво распаќе: По овој пат, внук внука ќе води векови. Рамнинава од плеќи планина ќе ја престориш од планина Непреод да протече.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Кога беше добро разоден по таа бела рамнина, сети како низ јасниот утрински воздух му влетуваат во лицето препреругите на првите топлини на сонцето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Многузначноста, поливалентната згуснатост на смислата на времето да ги сече сите можни духовни оски и рамнини, е предмет на поезијата и влегува во нејзината филозофија како нејзина централна составка.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Водата преку каналите речиси директно влегува и во домовите на оваа пространа рамнина, а каналите ги поврзуваат и големите реки Рајна, Меза, Одра со Северното Море кое ја заплискува северната страна на Холандија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ги сечеме нагорнините и рамнините на Халкидик. Остануваат зад нас летувалиштата Агиа Триас и Переа, кои се на дофат на Солун, и токму затоа сѐ уште не се такви, какви што се среќаваат на секој чекор во длабочината на овој полуостров.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, штом се продолжи патот од романската метропола кон Плоешти,или уште подалеку, кон Синај и Брашов, пак доаѓа непрегледната рамнина, која станува здодевна,особено ако асфалтираниот пат низ овој дел на Влашко се минува во топли дни, какви што беа во оваа доцна есен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Наеднаш гласот му станал памучен и топол, скоро приспивен во помирливоста, и тој можел со својот јазик со кој минал преку испукнатоста на горната усна да го собере сиот пелин и јад од човечките срца во едно чинослужење од кое водовриките стануваат златножитни рамнини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Потерајте ги двоколките кон онаа рамнина и пуштете го добитокот. Ќе се најде нешто сено.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На пример, кај канонот во три гласа, секоја нота треба да дејствува во три рамнини кои се меѓусебно различни од мелодиско и хармониско гледиште.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Под пустата рамнина, на која сега се дупчеше кртечината на гробиштата, се простираше како под колено зелениот аеродром - тој мек појас, од кој, наполно неверојатно, доаѓаше дотука острата бучава на авионите пред одлетување.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Мао Це Тунг има идеја за постепено издигнување на она што е прифатливо за народот, така што примарната рамнина преминува во секундарната, па во терцијарната, ако се прифати неговата идеја.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сакам да кажам: распнат помеѓу иднината и минатото, заплеткан во преплетувањето на временските (нивоа) рамнини.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се наоѓаше во средината на некаква голема празна рамнина, една рамна пустелија натопена со сончева светлина, преку која сите звуци допираа до него како од огромна далечина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Семјон, ќе има војна?“, праша наеднаш дед Павел онака, како патем, веројатно сакајќи што побрзо да ја напушти таа огромна рамнина која изгледа го плашеше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Рамнина легната на четири статични нозе (да беа тркала ќе можеше да се вози).
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
И животот на Миха потече, би се рекло, по една брановидна рамнина, без напорни угорници, но и без ненадејни низдолници.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој процес отпочнал со симнувањето на македонските племиња од северозападните и западните планински краишта, Горна Македонија, во централниот дел на рамнината на Долна Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Под рака се чувствува косата рамнина и меката патина на покривите, нежните пори на асфалтот, високо исправените опаши на мачорите. ’Дррр-вооо’, изговараш галејќи ја распуканата кора на јаболкницата во дворот, восхитувајќи се на совршеното разгранување на растението и на неговиот еквивалент во зборот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Луда Река цврсто замрзнала, а снегот се трупал и се нанесувал врз мразот, сѐ додека реката и нејзините брегови не се изедначиле со рамнината.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе