ранг (м.)

Тој беше прв на ранг на групата, затоа и не дозволуваше некој да го натпревари во одењето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Непосредно пред жетвата, ден, два, пред првиот срп, главите на домаќинствата им заповедаа на мажите што во домаќинствата по ранг стоеја веднаш до нив, тоа беа обично помладите браќа, или најстарите синови, да ожнеат неколку снопови ’рж за правење јажици.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Навистина, неопходен услов за организирано мислење е извесен степен на преклопување помеѓу конструктите во смисла на нивните соодветни рангови на прикладност.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На секое ниво од овој ланец, т.е во рамките на секој ранг, човечките компоненти се мошне хомогени: процесот на издигнување низ ранговите бара извршување на операции на сортирање, што резултира во помалку или повеќе униформно однесување во рамките на секое ниво.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За денешниот хрватски интелектуалец да стигне до рангот на народен мудрец, национален интелектуален месија не му е потребно ништо друго освен претходно да не се ни обидел да стане граѓанин, во онаа апстрактна еднаквост со сите граѓани на државата, без оглед на професијата и формалното образование.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Евреи, Црнци, Јужноамериканци од чисто индијанско потекло можат да се сретнат во највисоките рангови на Партијата, а управувачите на секој регион секогаш потекнуваат од населението на тој регион.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нивните колебливи од аспект на доверба сведочења, субјективни и под влијание на повеќеструки мотиви поставени во ист ранг со можното, но не докрај дефинирани, од ликовите на Бунар прават загатки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Валијата седеше скрснозе на посланото сеџаде, а сите други, според рангот, или стоеја, или на еден колк се потпираа врз миндерот до Мехмед-паша.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Скопјево е во румелискиот вилает и многупати, како што кажуваше игуменот, било давано на управување и на паши, кои по својот ранг би можеле да бидат и валии.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Охридската архиепископија во времето на македонското царство била издигната во ранг на Патријаршија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Старо одртано мажиште, не поради годините кои ги носеше на својот грб, туку поради годините поминати во разни сплеткарења, во непотребно расфрлање на сопствената енергија, во мачо пијанчења, во неизмерливо долги часови играње покер, на(д) жени од секаков калибар и ранг, на влечење по скиснатите, извалкани подови на околните барови.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кога го спомнувам носителот на иницијативите од овој вид само ќе напоменам дека станува збор за високо рангирана личност. Можеби и од највисок ранг. Разбирате?“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не е поголема вистина тоа што, во физиката, големите тела потешко се придвижуваат од помалите и што нивниот momentum7 е пропорционален на таа тешкотија, од вистината дека, во метафизиката, умовите со поголеми можности макар што се посилни, постабилни и повлијателни во своето дејствување од умовите со понизок ранг – сепак потешко се сподвижуваат, збркани и полни со колебање во првите неколку чекори од своето придвижување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во јавниот живот Ласте Думбаровски беше познат по псевдонимот Почесен (како угледен фармацевт, кој донираше во борбата против проституцијата во Југоисточна Европа, тој беше промовиран во рангот на член од надворешниот состав на асоцијациите во Унгарија, Молдавија, Србија, Украина, Бугарија, Црна Гора и Романија), но во потесните кругови за него функционираше прекарот Ридски, според лозата на дедо му Аврам, со длабоки корени во Дрвош, на падините на Баба Планина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Што не значи дека не се омрсува и некое петле со понизок ранг, од послугата или од соседството.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)