раскомоти св.

раскомоти (св.)

Баба ѝ не беше тука, и ми рече додека се врати баба ѝ за да ручаме заедно, можам да се раскомотам, да се избањам во бањата, да се отпуштам на каучот. Се избањав, се испружив на каучот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дојди ми убавино и раскомоти се. Денов со крилја да го завечериме, почетокот на зората да го означиме, несоницата да си ја оправдаме.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Се раскомотив малку и се покрив. Барав нежно да ми пријде, а тој ја затвори вратата, ја заклучи и го зеде клучот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)