распрснат (прид.)

Го држеше челото на влажната трева и чувствуваше болка во очите, сува болка распрсната однатре. „Колку години имаш?“ ја праша додека земјината влага се впиваше во него и го гаснеше. „Осумнаесет“, му рече без злорадост и без виновност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во некоја вечер пред тоа, обиколен крај огнот со ѕвездесто распрснати сенки, им објаснуваше: „Некогаш вештерките ги топеле во смола и ги палеле со помамни славопејки за крстот.“ Смоларите не му веруваа; се подбуцнуваа кришум со лакти и се клештеа кон месечината.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Распрснатите мисли му се собираат и ненадејна светлина му избива пред очите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со завршувањето на војната, луѓето почнаа да си ги бараат сите свои луѓе распрснати кој ваму, кој таму во војната.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога фантастичното ќе ме пресретне (понекогаш сум и јас посетител и моите приказни се раѓаат од доброто, взаемно воспитување долго дваесетина години) си припомнувам на засекогаш извонредниот Игоов фрагмент: „Секој знае што е едрена точка на некој кораб; точка на пресек, центар таинствен дури и за самиот градител на коработ, во кој се сретнуваат силите распрснати по целите развиени едра.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Необичен празник за неброените играчки кои, распрснати околу самовилите ги слулеа тој чуден понес, тоа никогаш не им се случило, ете, вклучени во ритамот на танцот, го покрија лизгалиштето во недоглед.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Потоа наиде и деветото зрно. Беше од распрсната граната.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)