реномиран прид.

реномиран (прид.)

Речиси цела Софија сакаше да ги види реномираните советски артисти на циркуската арена и затоа многу тешко можеше да се дојде до билети за циркусот, во кој се појави и прочуениот дресер на мечки Владимир Тин, кој со своите миленици изведуваше речиси неверојатни точки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На крај, вреди да се истакне и напорот на културната агенција „Метафорум“ која со приредувањето на ова исклучително издание (книгата ги содржи сите додатоци неопходни за една философска студија, предговорот е преведен на јазиците на 10 источноевропски земји, а содржи и прилози на германски и англиски јазик) се претставува како реномирана издавачка куќа која со својата едиција „хоризонти“ навестува издавање на нови теориски книги од наши автори.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Имено, овој автор е првиот што почнува да издава романи што полека ќе бидат прифатени и од реномираните издавачи, оние што објавуваат книги.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На страницата на културната рубрика стоеше изјава на министерот за култура: „Нема средства за џез-фестивалот“, изјавуваше тој, а во текстот стоеше: „Годинава, за првпат во петнаесет години, нема да се одржи градскиот џез-фестивал, на кој требаше да гостуваат реномирани светски уметници“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секое утро мислата го поздравуваше новиот работен ден со „Е стварно го претераа, ќе им се качам горе да се разбереме на што личи ваквото однесување во една реномирана и културна установа каква што е нашава.”
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тивката музика од музичарот на клавир совршено се вклопуваше во амбиентот, а персоналот кој ни се претстави кога започнавме со вечерата, сите беа доктори по кулинарство, со искуство стекнато во најреномирани светски ресторани.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)