реставрација ж.

реставрација (ж.)

Подоцна, додека од мансардниот кат на Dom Literatury го следев зајдисонцето со звукот на камбаните од Катедралата и со директен поглед врз плоштадот и Кралскиот дворец во реставрација, смислив како ќе го почнам својот реферат на научниот собир „Националната идеја како истражувачки проблем:
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Изненадени пред влезот на Стоби: Порта Хераклеа Западни гробишта подземните животни вознемирени птиците бегаат злокобна фуга Градскиот саат објавува идна реставрација конзервација културно богатство сувенири Прашање: Зошто статуите се тажни и ранети а улиците и базиликите празни и пусти како мене?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ако некој се наведнува преку прозорецот од другата страна на проѕирниот свод меѓу вообличеното и невообликуваното значи: Нептун се наведнал Посејдон посегнал, стрепел страотно китот убиец во височините се нурнал свикнат на дно, на бездна свикнат на најкусиот пат до центарот, внатрешниот круг на Психе до замислената точка, мигновената морфема: едната глава на едната, другата на другата страна, оностраната медузо, пијавицо осмоока стовариште за back-up фреквенција за реставрација, свргни ја од власт формата, поведи двобој восторжи ја публиката, гледалиштето дејството изделај го зад кулиси, класично спушти го пердето, занишај ја сцената оддалеку навева Вишниот виши, виши вишнее а под него тлее водена артикулација – Сѐ.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На крајот ќе изградиме мирно почивалиште за да направиме реставрација и целосно истражување на сочните, зрели плодови од животот и квалитетот на животот што го живеевме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)