румен (прид.)

По сокаците чекорат кондури с клинци ковани, штамата сечат с ножови и пијат вино румено.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
На нив како на божиќно дрвце висеа румени цреши.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од румената, влажна муцка му капеше густа пена.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тие се румени и тркалести во лицата, со модри, длабоки очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Има по нашите села и такви старчиња: побелени веќе а младолики - румени, чисти, проѕирни, со меки движења, како освен `рбетот во нив да нема ни една коска.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Смеата е еден пенлив допир по цветојте палаиот залез со шепотот румен што ги опил.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Би те кренале неми над своите немирни тежини да те поплави небето со белите трошки на погледот Дали тогаш твоето сонце ќе може да го озвучи кроткиот дожд на тишината Сепак не е зимата румена како нашите образи и не е вистински сетна како здивот на реката Побарај го слапот од надевање во извезената кора на мразот под која тлее жуборот на едно кревко сеќавање
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И не е веќе ни девојченце, сега, кога бешумно се доближува до мојот кревет, кога вешто ми ја нуди меката затркалезност на својот румен колк.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но и јас сум гранка на брегот од животот што расте па колку да ми се смрзнати и румени и нејаки прстите ја сечам таа одвратна лизгава маска од мов црпејќи сили во споменот на нешто зелено зелено (ДОЖДОВИ)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Оставајќи зад себе трага од румени капки, таа се враќаше во јамата, да ја претвори лулката, своја и на својот пород, во гроб на еден крвав бес и на една страшна тајна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Едно румено и шушкаво небо е под моите прсти и сепак не сум ни виножито ни облак да копнеам по небо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Полните румени прсти несмасно го милуваат сребрениот вез.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И главата со руменото лице, како аловиот вез на нејзината невестинска кошула, се наведна да му бакне рака.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го бараше со поглед по сиот снег наоколу, што наеднаш се усвитуваше вцрвенувајќи се, што се запалуваше од таа црвенина, престорувајќи ја целата планина во една огромна кристална свежина, на која слетуваа како румена пајажина нишките на зимното огревање на денот, а сѐ, до што ќе се допреа тие, стануваше еден рубинен одблесок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Млада, убава, како тетовско јаболко румена жетварка, пченица зрела жнее и песна пее: „Излегол Гоце војвода чумата да ја пропади,“ По сочните зелени падини, ливади и китни македонски гори, пасат белоруни стада.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Но за децата од градот, иако полегнаа и почнаа да ја чешлаат тревата и да ги кинат крупните румени јаготки, овие шумски плодови веќе ја изгубија својата важност и привлечност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Господе мили, кога се вратија, господе мили, кога се вратија, Богородице девице, бели и свежи, румени, убави.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Двете ангелчиња,како порцелански рококо фигуринки, буцмасто истрчуваат на сцената, носејќи кошара полна големи, румени јаболки.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Го претвори во румено јаболко и го постави токму пред принцезината постела, на масичето кое допираше до нејзината перница.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Внимаваше. Околу него се движеше и трепереше долга поворка - нечујна, разбранета и жестока со својата притаеност: се свлекла од ѕидиштата да се врти во круг како сиво проклетство, колона во која несигурно се претчувствува нишање на румени женски колкови и студена вкочанетост на ликови готови, да обвинуваат за грев, сега кога тој, гревот, надоаѓаше со навев и се пробиваше нив многуте канали на свеста.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе