самодоверба ж.

самодоверба (ж.)

А брзиот успех има свои острици. Како стекнување претерана самодоверба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
На козарите им се враќаше самодовербата, па и овие кози и козарите насетуваа оти еден ден ќе се најдат пред волците на нашето време, но не помислуваа на пораз. ...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Корисниците доживуваат зголемено чувство на возбуда, задоволство, самодоверба и енергија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бојс, оттука, благодарение на својата фантазија, стекнал самодоверба, се тешел и конечно сам се излечил.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Или ќе биде победена однадвор, или управува толку неефикасно што масите се креваат на бунт, или дозволува да се формира силна и незадоволна средна група, или пак ја губи самодовербата и желбата да владее.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Претходната година која на десетмина ни донесува по две дипломи, во следната нѐ исполнува со неверојатна енергија и самодоверба.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Оставаше впечаток не толку на снага, колку на самодоверба и на разбирање, зачинето со малку иронија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Па ве молам, ако можете, вратете ѝ ја малку самодовербата кога ќе се врати на училиште; напишете ѝ уште некоја ваква песна.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ваквото дружење подоцна прерасна во еден вид живеење или поточно игра, како што реков веќе, во која не вложував ништо а таа сепак ми ја поттикнуваше самодовербата и ги збогатуваше доживувањата што ми недостигаа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие луѓе, двоумејќи, се ја откриваат колебливата страна на незнаењето, што е лоша основа за да се стекне самодоверба.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се знае дека првиот вистински чекор за успех во иднината е самодовербата на нас луѓето, во себе си, како нација, како Македонци, да се цениме себе си, да си ги познаваме корените, да си ги почитуваме предците!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А кога ќе ја загубат самодовербата, стануваат цинични и саркастични кон останатите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ластовицата е твојата верба; досега непрестајно сомнежот ѝ додеваше, па таа никако на мир не можеше да ги снесе своите јајца; самодовербата ти беше преплашена – старецот му го појасни на Еразмо основниот принцип според кој нештата се разбираат на духовен начин.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Дијалог со културата и цивилизацијата е потребен пред сѐ, со цел да се унапреди човековата спремност, неговата способност и самодоверба, заради креирање на неизвесноста на сопствената иднина со интерактивна комуникација, осигурување на раст и креирање на културно- цивилизациски развој! Решението на загатката е токму ова!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Откога ќе дознае што има под него, веднаш го менува своето мислење: станува поспособен со поголема самодоверба во себе си, добива елан да продолжи да твори, добива мотив за креирање и изнаоѓање на модели да го промени тоа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Неговата жестока гордост беше негувана со цврсто чувство на сигурност и самодоверба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Талкајќи по причините за ваквото однесување на постариот брат речиси без некои надворешни нашепнувања дојдов до заклучок дека него всушност го покренува, но и поткрепува, големата концентрација на неодмерена самодоверба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој тргна со самодоверба. Додека одеше, подразмисли за тоа што ќе каже и како ќе го каже, а веќе го имаше смислено тоа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Знам, знам, горчлива е дури и помислата дека некој можеби се обидува да ни ја повреди самодовербата, и со своите бирократски постапки и да нѐ обескуражи!“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дури и мојата самодоверба отиде некаде јабана. Многу е лошо.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Повеќе