сандак м.

сандак (м.)

Се начичкавме на стаклената врата и живо ѕиркавме во сандакот со десетина маси, со тезге, зад кое газдата спиеше буден, со зли келнери и меки полни певци, нацрвени и сонливи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Човек се наведнал над сандакот со брашно, црпе го грстови и полни торба.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сѐ на сѐ четири остро потенцирани бои: црвена, модра, зелена и бела, задушено стиснати во дрвена рамка под златна боја со која се бојадисуваат мртовечки сандаци.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кикотење, кое не е далеку од липање, го исполнува мртовечкиот сандак на уште живиот Август Рицман.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Виолинска футрола (дрвен сандак потпрен на ѕид) маса, книги, нагорен килим.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој нерешително стои на влезот од сандакот и го бара со поглед кловнот. Добронамерно е иако не знае ништо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Виолинската футрола во аголот е обичен дрвен сандак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој достоинствено ги минува трите скали на сандакот и излегува во ноќ. Музика, тихо!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А сандакот во ќошето е полно со дрва и јаглен.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Капакот ѝ падна од раце, сандакот се затвори и Бојана изморено се отпушти на него, изговорувајќи го тихо, од длабочината на душата милото име: - Крстане, Крстане!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Гледајте да не ви изгасне огнот! Дрва и јаглен имате во сандакот, - им рече мајка им на излегување.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Со лек, скоро нечуен крцкот вратата на тој стар, метален сандак се отвори и откри густ мрак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Веднаш до него е сандакот со дрва и јаглен. Може да стави а да не се помрднува од местото.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Но тој веќе го познаваше големиот железен сандак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Штом мина зимата и Скопје пак различи, Павле го побара клучот од таванот. И право на сандакот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се обиде да патува кон соништа во оној час кога месецот се откачи од еден прозорец на двокатниот сандак и отплови нечујно влечејќи го по себе зракот, тој свој бел разбојнички појас.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Жената седи чучната крај долгунест висок сандак преполнет со играчки од децата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А сѐ е тука:слики по ѕидовите тешки двојни завеси врз прозорците ормани што прилегаат на мртовечки сандаци исправени покрај ѕидовите несмасни кожени фотелји штавени овчи кожи расфрлани по подот една земјена Геновева и ламба прокудена во аголот притисната од темновиолетовиот абажур.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Иван ги извлекува торбичињата со ортома и ги испразнува во сандакот. Потоа го покрива со хартија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Да беше со мене барем уште еден човек, додека оној се чиктиса право кон мене, и кога сакаше да ме разнесе со своите секачи, сандакон сега немаше да ни биде празен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе