сапунче ср.

сапунче (ср.)

Сепак, можеше да се измие, па попладнето стопли вода во котлето, го принесе до огништето дрвеното корито, го разгоре убаво огнот, пронајде во долапчето на ѕидот и малку сапунче, заостанато таму од летото, и се изми за првпат откако беше дојден потемелно, поубаво.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се топи детето, ко сапунче оставено во вода. Боледува тој, боледувам јас за него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми се лизна од рацете. Ко сапунче ми се лизна, И јас почнувам да викам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И терзијата му зема мера од леженка со ендезето и пишува со сапунче на трабата шајаци што ја тркала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ѝ се обратив на една: „Дај ми го сапунчето да се измијам”.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А таа ми се смее в очи и ми вели: - „Море, какво сапунче.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од тоа, од сапунчето, од водата, од мирудиите и од триењето, нивното бело месо стануваше миризливо, младо, се стегнуваше некако, па крцкаше и се лизгаше низ прстите на мажите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се затвораа во кошарите и се триеја, откако пред тоа ќе се насапунеа со миско сапунче, првин со суви кочанки, а потоа и со памучни крпи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Собата веќе личеше на мене и го имаше добиено мирисот на мојот парфем и на моето сапунче.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сепак би истакнал неколку битни разлики помеѓу ова англо-саксонско сапунче и Касандра синдромот со кој што живееме во последните седум-осум години.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)