сатар м.

сатар (м.)

А овие магариња да се обесат тука на јаболкницата со надолу глава дури да кажат. Не кажаа ли, сатарот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
II Прво се изјазив како во детските игри малку игнеиплик и малку ушка високо да ја гушкам но снагата ми се претвори во сатар и секира што трчаат по стеблото разбегано по полјаната.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Кожава обеси ја, ќе ја штавиме за опинци, вика Лазор Ночески, дробовиве клај ги настрана, вели, ако немаш сатар, дај ми секирче, треба сите коски да се одделат од ’рбетот, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мразам точност и прецизност и пресуди донесени како со сатар, мислиш со мач од рекламите за наострени ножеви.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)