сатен (м.)

Зад челична мрежа, најверојатно за да ги заштитат од мене, седат во ист ред сведоците: ученичката во црн сатен, онаа танка скоро проѕирна жена што бездруго ќе се откажува од мене колнејќи се дека сме биле во брак, оној што еднаш го сечев под струјомерот (сиот е во превивки и под долги фластери), оној друг што остана да лежи со крваво теме во царството на пауните и тревите, двајца што еднаш ја откопуваа од подот Неговата слика.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Знаев. Еве ја, плашлива, со густи плетенки, во ученички сатен и со стара, наизуст научена прикаска дека ми е ќерка - Ана Боткин од седмо бе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мајката имаше на нозете пантофли од син сатен со мали копринени панделки врзани во буква на врвовите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мажите веќе почнаа да шијат брич-панталони, а жените шајачни фустани со црн сатен и со лимби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зад челична мрежа, најверојатно за да ги заштитат од мене, седат во ист ред сведоците: ученичката во црн сатен, онаа танка скоро проѕирна жена што бездруго ќе се откажува од мене колнејќи се дека сме биле во брак, оној што еднаш го сечев под струјомерот (сиот е во превивки и под долги фластери), оној друг што остана да лежи со крваво теме во царството на пауните и тревите, двајца што еднаш ја откопчуваа од подот Неговата слика.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Или запеј ја тивко Ноќите во бел сатен и дождот ќе те понесе со свила од ултравиолетови пориви.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)