свет (прид.)

Свети Константин наречен Кирил, сам и словенските книги и букви ги преведе за малку години, а оние мнозина и за многу години: седум души ги создадоа нивните букви, а седумдесет души преводот.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Ако, пак, ги запрашаш словенските книжевници: „Кој ви ги создал буквите и кој ви ги превел книгите?“ - сите знаат и одговарајќи ќе кажат: Свети Константин Философ, наречен Кирил, тој нам ни ги создаде буквите и книгите ги преведе, заедно со брата си Методија. Уште се живи оние што ги виделе нив.“
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
И со ангелите беше како ангел и со пророците пророк, со сите свети толкувач на славата божја.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Блажени да се твоите свети нозе со кои ги обиколи како сонце сиот свет проповедувајќи од Бога вдахновена наука.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Затоа словенските букви се посвети и подостојни за почит, зошто свет маж ги створил, а грчките, пак, букви многубошци.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Кои умрени се поменуват на свјатаја литургиа, тие се куртулисуват от руки дјаволски. Така рекл Христос.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Тогај свјатии ангели, што ме водеха, туриха от моите добри работи на терезиа, и што не достигна, туриха от това што ми хариза свјатиј Василиа мој духовник.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Помогнаха ми секаде молитви свјатаго Василиа што беше ме даровал от неговите добри работи и ме искупи от горкии и страшнии баждарници дјаволски.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Света е куќата моја: со барут и железо полна е; не ќе ја срами Неда родината своја.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Со солзи жешки, да ме чуе, молби богу пратив пред светиот му моќен трон.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Вдовиците и бедните, ги гледаш, солзи леат, и момите — за света чест.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ако се однесуваме со презир кон народниот наш јазик, ние само им враќаме со неблагодарност на нашите родители за сето нивно духовно гледање и воспитание. – Ние имаме и право, освен долгот, да го браниме нашиот јазик и тоа право ни е свето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И тие луѓе да изработат една граматика што им одговара на севернословенските народности, па да остане како света книга за сите училишта, а и за пишување други книги“ /1875/.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од таа борба тој ќе излезе победник, уште повеќе што реформите во Македонија ќе ѝ дадат нејзе можност да се ослободи од туѓите влијанија и да го пренесе центарот на преродбата внатре во неа. *Прочитано на 3 седница на петроградското Македонско научно-литературно другарство „Свети Климент“ на 19 октомври 1903 г.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
СИМКА: (Со насмевка). Од црква идам, Костадине. Бев пред света Пречиста... да ја дарувам... (Срамежливо). Костадине, денес многу, многу те милувам...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И твојата земја убава со друго име пред тебе да ја крсти, прекрстуе, коските свети народни паднати за слободата, од гробот да ги скорива, по сокак да ги разфрла, и со нив да се подбива, а ти да гледаш со очи да гледаш и да црвееш и нити збор да не можеш да кажеш, да му одвратиш.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Ко што се бура надига, чајките кога прелетат, така се млади надигат за свое свето огниште.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Ко спомен тој е на деветстотрета, на Прохор Пчински, на Мечкин Камен, о, расти, цути Републико света, во гордост веј се, алово знаме!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Свјати боже, свјати крепки, свјати бесмортни помилуј нас...“ и дојде до: „Господи боже наш, славоју и честију вјенчаја.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Новата учебна година почна со призивање на светиот дух преку крштавање вода во училиштето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе