свеќа ж.
свеќар м.

свеќа (ж.)

– „Не ќе жалав толку, Боже, си велела со жалосен глас, за Силјана мој, ако беше умрел овде, барем гробнината ќе му ја знаев и свеќа ќе му палев, ами како да не жалам и да не плачам кога в море може да се удави одејќи на тој пусти аџилак.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ќешке со пушка да бев убиен, мајче, и тамо да бев умрен, во нашите гробишта да бев закопан, за ти, мајко да ми идеш на гробот да ми палиш свеќа и да ми раздаваш задужбина!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Биди жива и здрава да исчекаш и да ме ожениш. Ја свеќа ќе ми запалиш, ја венци ќе ми целиваш!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
ТЕОДОС: Ме покапале в црква со свеќа... Си прават ќеф... Гледај, Параскево, влакненце...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: (По него, крстејќи се со широки гротескни движење.) Господе боже, кога овој будалест син не ме остави сам да си поможам, поможи ми ти, господе, дај ми кум каков си сакам, па ќе ти запалам в црква свеќа како греда!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
При влегувањето на младенците во брачната соба ѝ ги зимаат лебовите на Антица, како и свеќите на обајцата — Антица и Николаќија, ги забиваат во средината од лебовите и така ги оставаат на јашмакот од оџакот.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Работи сега и надевај се, белки бабата Бисера со свеќата ќе помогне од некоа страна".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога ќе скипне свеќата да догори, тогај и детето ќе скипне, ќе угасне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Колку свеќата намалува — толку дните на детето се кусат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се стемнува - тоа го знам зашто низ неколкуте симетрично распоредени прозорци помеѓу драпериите навлегуваат монструозни лилјаци и летаат секогаш подалеку од оние осумнаесет сребрени шандани со запалени свеќи од бел восок.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се исправам и можам да видам дека свеќите раснат, се издолжуваат косо и ги обогатуваат драпериите со пламен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Две патерици на бетонскиот под... Многу свеќи и многу шепоти. Воскресение.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Крај портата две христови девици и два молитвеника. Две деца продаваат свеќи. Од олтарот: воскресение.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Две патерици се лизгаат од патот... Децата дремат крај свеќите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Си запали и тој свеќа на сите три светилника, се прекрсти по христијански обичај и излезе заедно со старците, та поддена разговор пред црквата, прашајќи ги отворено што мислат за опсадата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Макар што немаше луѓе, ни поп, ни брави за курбани, ни брашно за погачи, ни вино ни ракија како и порано во среќно време, старците и бабите што се прибраа од збеговите пак дојдоа в црква да запалат по некоја свеќа или пак да се прекрстат пред иконата на свети Илија да ги има во раката нивните мили и драги што беа затворени во тврдината на Пешта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мајка ќе ми раздаде за душа, татко ќе ми запали свеќа и попот ќе ме спомене в црква, ако не на гробот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Направи неколку чекори и како да се присети - тажно, со растреперен глас заврши: - Синко мој, нема љубов таму каде сомнението пали свеќа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Не треба секогаш да се пали свеќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Смолата од нивните очи ќе капе врз мојата кожа заедно со солзите на восочните свеќи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе