свртничар м.

свртничар (м.)

Небаре свртничари кога приклучуваат нови вагони.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ако е така, брате Марко, тогаш и во куќава можеби имало некој медал. Мажот на Јага Перуника беше свртничар, државен човек со фенерче и офицерска шапка.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Еднаш откорнати од родната грутка како да не беше битно каде нѐ води ова вовче на судбината, на која станица ќе запре, кој ќе биде последниот свртничар: дали богот на случајноста, кој најмногу влијаеше во неизвесното одвивање на судбината на нашето семејство или некоја друга сила?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мајка остануваше во нашата заедничка куќа со вербата дека е последниот дискретен свртничар на нашите затрчан судбини, во новите меандри на минливоста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко и Камилски требаше да се наложат како еден вид свртничари за старите зборови, кои или требаше да се најдат на спореден колосек или да ја следат композицијата на државниот јазик...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)