седенка ж.

седенка (ж.)

Влегов во салонот сиот бесен што дозволив да ме довлечкаат на таа сенилна седенка од ислужени политичари и патриотари, згнасен од нив и цврсто решен да се опијам до бесвест...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
19. СИТЕ ДЕВОЈКИ ДОБРИ СЕ, НО ВО ЗЛИ СЕ ЖЕНИ КОТАТ - од памтивек таква преѓа на седенките се преде.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ова не е празнична седенка на главите на сојовите, си мисли.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По една невесела седенка зад која остануваат расфрлени карти, купови отпушоци и студенило на луѓето еден кон друг, се враќав низ заспаниот град без движење на коли и без минувачи и му се простивставував со чело на остриот дожд, на тој предвозник на утрени мразови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ден и ноќ другарувавме, одевме на забави, на седенки, на серенади, гоневме бандити...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Го повикувале на свадби, на сунети и на празнични седенки да везе на тамбура украсена со седеф.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дуќанот не е за седенки, а јас веќе третпат те наоѓам овде распиштолена!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Здодевни ми станаа оние седенки во бифето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Неговиот најдобар пријател, оној што на крајот од таквите седенки, по дискусиите, толку добро ги пееше Азра, Бијело дугме, Идоли и Рибља чорба додека тој го придружуваше на гитара, им кажа дека ја презира земјата во која живеат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Турците, кои избегнуваат алкохол, ги прифатиле со радост овие семиња и ги приготвуваат во најсвечени седенки, но тој смета, кашлајќи забележа дубровчанецот, тој смета дека оваа пијачка наскоро ќе се служи и по ановите и по меаните, а особено меѓу оние што се нарекуваат поети и кои главно, и во неговиот Дубровник, ноќе ги пишуваат одите на своите љубени, и како месечари ланѕаат на месечина, пијани од љубов и изветреаност.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Наоколу беа видливи остатоците од минато вечерната седенка: отпушоци од цигари, наполнет пепелник, тук- таму понекое парче залутана пепел од многубројните цигари, празно шише од најубавото македонско вино, и нечисти чаши, на кои останале отпечатоците од прстите на гостите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Присутните се однесуваа сосема нормално, дури и понормално од нашите викенд- фамилијарни седенки, сите удрија на гозбата, која по нашиот христијански обичај можеше да ги нахрани гладните во Африка.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И овците и козите и дворот полн јагниња и јариња; и воловите Баљо и Сивко и кравата Белка и двата коња и мачката и кучето Шарко и крушата до авлијата и бадемите и оревите и костените во Стара Ливада, бавчите, лозјата и благотата во каците и виното во бочките и песните пеени на седенки и ората виени во широки кругови на вигната и тоа беше дома..
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јасно? Тука не дојдовте на седенки. Јасно?! - Неговиот глас прозвучи заповеднички и со тон на закана.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во овие мигови песната сите нив ги враќа дома, на вигната, на лозје, на пресно косена ливада, в градина и бавча, на долга седенка, на шедба...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)