сезнаен прид.

сезнаен (прид.)

Сезнајната ТВ имаше во тета Дитка најубедлив проповедник.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
5) Напишете почеток на некој роман служејќи се со сезнајниот авторски глас, така што сезнајниот авторски глас ќе го направите јасно видлив, влегувајќи во мислите на една или повеќе личности, откако сте го препознале нивниот глас.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Штом писателот започнува со пишување филмски текст - тој престанува да биде сезнаен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секогаш далеку од бездушните кафеани и од малодушните девојки. Од одговорноста и работливоста. Од сезнајните и од нивните следбеници, од пократкиот пат и од вистинското решение.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)