секретаријат м.

секретаријат (м.)

Јана е советник во еден од секретаријатите. Можеби и во Секретаријатот за култура”.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Само на тие љубопитни и ситно зборлести женички им е позната адресата и канцеларијата на секретаријатот на таинствената институција во која се сортираат душите што го напуштаат животот“, му реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А да знаеш, уште пред да се случи настанот, писмото веќе било предадено на секретарот Домазетовски а потоа не знам на кој начин тој и го беше вратил, или искинал, или намерно загубил, бидејќи преку ноќ, иако и секретаријатот го беше прочитал, писмото го снема, при што, ценам, слична услуга со убава ноќ, каква што мене ми беше пружена, веројатно Стојна му подарила и на секретарот Домазетовски.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Речиси сите списи од креденците и полиците се валкаа по паркетот а одвреме-навреме, на вратата од кабинетот на директорот или дури таму негде кај прозорецот низ кој пред малку беше влезен Величковски ќе се појавеше некое од божемните привиденија и со отсечен глас ќе објавеше дека во Секретаријатот сѐ е чисто, или, дека во Архивата ниту еден лист не е веќе на своето место.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ниту во оваа, ниту во таа што ќе ја издаде Генералниот секретаријат за информирање во престолнината.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Една декемвриска ноќ, додека меланхолично уживаа во пивото „ Гардист“ и снегот кој пополека си паѓаше како на евтина новогодишна разгледница, дваесет години постариот Дејан му ги раскажа на Александар исцрпните биографии на повеќето колеги од секретаријатот. – Алек во животот никогаш не знаеш што ќе ти затреба...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Композицијата им беше посветена на нашите храбри момци, а сите вработени во секретаријатот минатата година го добија цд-то како подарок со потпис од авторот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)