секција ж.

секција (ж.)

Учествував во драмската секција уште од второ одделение и не можев да не одам на тие проби, и покрај целиот отпор што го чувствував кон неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Замрените секции од слободните активности - драмската, рецитаторската, литературната, брзо оживеаја.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Оној што во тоа беше најагилен, што најмногу се истакнуваше можеше да стане командир на одделение, одговорен на секција, дежурен во кујната, надгледувач, можеше да биде меѓу првите при јадењето (што не беше малку важно), - со еден збор таквите другари во сѐ предначеа, беа наградувани, привилегирани.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Целата уметничка секција дојде да ме испраќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вечерта, Татјана Перипелицина ќе ми рече: — Решивме да те примиме во нашата уметничка секција.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега сите жени од уметничката секција ме вардат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Попладнето бевме зафатени со пробите во оркестарот, со состанокот во новинарската секција и немавме време да наминеме во паркчето, до нашата клупа, за да се најдеме со Љупчо и со Џеронимо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Околу нив жабите ја отпочнаа својата немилосрдна хорска изведба, постепена, им се чинеше - невоедначена како нив, иако заслепени, љубопитно свесни за тоа, малку повеќе отколку свиткувањето на малиот прст, допирот на пивските кригли, заедништвото на Мек Кол - усогласувајќи се себеси во ритам секција на виртуозно дуо за кратки воздишки, извици; тој пуфкајќи повремено од цигарата за време на изведбата, капчето за бејзбол потскокнувајќи безгрижно, таа привикувајќи го нестабилното чувство на заштитеност, никогаш до крај прекршен Пасив; сѐ додека најпосле, попуштајќи под налетите на глупавото крекање на жабите, легнаа не допирајќи се.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Работата се одвива во четири секции: програма, продажба (маркетинг), техника и менаџмент.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тука беше секцијата за телевизиски програми, со нејзините инженери, продуценти и тимови од артисти специјално избрани поради нивната спсобност за имитирање на гласови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најголемата секција од Одделот за документација, далеку поголема од оваа во која работеше Винсгон, се состоеше од луѓе чија задача беше само да ги пронаоѓаат и да ги собираат сите примероци книги, весници и други документи што беа исправени и што требаше да бидат уништени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Упорно ме одбиваше да излеземе; велеше дека не излегува со машки, дека не ја интересираат, дека има многу обврски во секциите на училиштето, дека сака да направи нешто од себе, дека има за учење.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како конспиративна организација била поделена во три секции: СОЕ1 која била задолжена за пропаганда, СОЕ2 задолжена за изведување на операции и СОЕ3 задолжена за планирање.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Бабо, и во одделението сите сме сложни, си помагаме во учењето и работиме во разни секции.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
По својата форма на формирање СОЕ претставувала хибрид формиран од повеќе одделни организации кои биле формирани за таа цел: од секција Д како дел од тајната известителна служба (Secret Intelligence Service-SIS), задолжена за изведување на саботажи и која била активна на Балканот пред 1941 година; МИР дел од воениот кабинет и Elektra House, задолжен за пропагандна активност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Влатко отиде во својата соба од средната фиока го зеде албумот и кај завршната групна слика од VI одделение внимателно ги стави оние три пожолтени листови од под тополите извишени крај Маркова Река. 7 Октомври е месец со многу наставни и воннаставни задолженија, па времето мора многу добро да се организира и за учење и за исполнување на задачите предвидени во воннаставните секции.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Е токму тоа беше предмет на испитување во нашата историско - еколошка секција. Собравме многу материјали.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Еднаш начу таков муабет во ходникот и толку се вознемири што беше безобразен со професорот по физика, свежо-оженетото прчле со голема брада, кое доаѓаше за време на одморот за да дискутираат за секции, задачи и часови, а патем и да си ги јадат заедно сендвичите со марула или туна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Американците за разлика од нивните имењаци со предзнак јужно не се заебаваат со овие работи и нѐ снимаат со драмска секција од осмо-Б плус надежни манекенки.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Машко друштво “Осамени срца” со седиште на улица “Бојан Мурџев” 26, Припор, број на членови: променлив, возраст: од 50 до 80 години, организационо - според идеите и целите - хомогенизиран состав, но внатре структурно дејствува во три секции реско изделени според возраста (од 50 до 60 години, од 60 до 70 години и од 70 до 80 години).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе