селанец м.

селанец (м.)

– „Море ами кој е тој будала што ќе ти верува, бре Силјане, му рекле селаните, оти си бил штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се исполнила куќата од селани, повеќе стари, и секој му велел: „Добре дошол, Аџи Силјане, добре дошол Аџи Силјане.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Море ние, Силјане, сполај Богу, си поминуваме, туку ти, ти како помина по туѓина, кажи ни некои унерии, елбете тоа, што си видел ти, ние не сме виделе,“ му рекле селаните.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Македонскиот народ не толку има нужда, барем сега-засега, за официјален јазик на мнозинството, за генерал-губернатор од народноста со мнозинство и за слободен печат, колку: за отстранување или парализирање на дејноста на националните и религиозните пропаганди; за отстранувањето на непријателството меѓу приврзаниците на разните национални и религиозни пропаганди; за отстранување на таа недоверба и обособеност што е сега меѓу македонската интелигенција воспитана во разни балкански државици и им служи на религиозно-националните пропаганди во Македонија; за официјално признавање на македонската народност и за внесување на името “Македонец” во нуфузите и во другите официјални документи на лицата од словенско потекло во Македонија; има нужда за земјиштен дел, како што на селаните им беше доделена земја при укинувањето на крепосништвото во Русија, Галиција и во др. земји.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Патријаршистите Словени можеа и да му сочувствуваат, но затоа што нивната интелигенција беше против комитетот, нема сомнение оти и самите селани троа му сочувствуваа, но тоа сочувство беше побркано со неувереност и со сомнение во веќавањата на комитетот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Селаните се најдоа меѓу два огна: војската и комитетските чети.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
СЕЛАНЕЦОТ: Море, речи доцна, не рано. Донесов вчера на пазар мас.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СЕЛАНЕЦОТ: Арно, арно, така вели и поп Китан. Само тој вели: „Што дава десницата...“
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СЕЛАНЕЦОТ: А, жената... таа се мачела со свињата, таа мас топела... Сега сака да види нешто...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АНА: Ама селанец си, да ти текнеше да земеш за семе!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Гледајќи ги децата како стојат нерешително крај патот, стариот селанец што се возеше во нив им се сврте и весело им довикна: На каде, дечиња.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Врвете и вие в редови збити селани - мои земјаци, во проста руба, волнени гунаци, - врвете, врвете земјаци!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Често пати неписмени или туку што описменети селани - се народните певци.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Селаните мои крај мене се збират, ми трепери срце разиграно врадост, о, селани мои, о ливади цветни, о, денои среќни -спомени на младост!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Помина подгрбавен селанец. Едно од децата притрча брзо, го повлече неговото магаре за уво и избега ширејќи ги рацете како да лета.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„А камо ти камен да ја наостриш секирата?“ Селанецот немал камен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Утредента селанецот нѐ поздрави со тага во детски раширените очи: - Одам... Лекарот вели дека заздравела раната.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Евала бег, евала! — благодарат селаните околу него и подава секој по некое шише со ракија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Та, ене го и даскалот Бино ја протепа жена му, што е даскал, та веќе оти секој втор селанец в село ја има тепано жена си барем по два три пати во животот, тоа си е редно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Турците ги слушнаа и ги боднаа коњите да ја прејдат барем Црна со видело, а селаните, не знаејќи оти Јован со четата влегува, се разбегаа кој каде види — долу река — горе река.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе