сигурно (чест.)

Со одвратност од себе сонот го оттурна она, мислите црни ги гони; но пак ја обградија мачните слики од сонот ноќеска што ѝ се сони. Штом шушнува нешто - смуртеното чело го крева сигурно синот ѝ ќе е!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Што сум јас будала и се замислувам за работи кои сигурно Илија во најскоро време ќе ги реши?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Се согласи владиката грчки да го венчава. (весел) И сигурно кога ќе дојде кај мене, ќе одседне на конак. Разбираш?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А полноќ е и сигурно сега и тоа куче ќе стигне дома и за да ја граби...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ДАРА: Сигурно се напија мало човек, за кураж.
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Но тамо е вујко му Ѓуро и сигурно ќе го доведе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— И мене ми се пие, Петре, и мене, та сигурно ќе му се најде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка ѝ сигурно нема да а оставе да не дојде" — и продолжи да чека.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За Лумана арамијата сигурно сте чуле!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Челичниот чекор на војната сигурно ќе настапи и кон ова гнездо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе ги собереме по селата тие ѓаури, ќе ги протепаме сите по ред, да знаат дека живеат под власта на исламот, ќе собереме што имаат по некоја пара, и стока, ќе одбереме секој по две-три убави ѓаурки, а сигурно ќе најдеме доста и здрави деца да му пратиме на падишахот за јаничари, – се присети кадијата на бившото грабење на Атпазар, и продолжи: – Согласни ли сте?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сигурно го има фрлено и отепано маската! Зошто ами не го донесе?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Ех! Ако знаеш. Сигурно го знаеш Бренското Чешмиче каде е. Ете тоа сакам да ми кажеш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сигурно се работи за нова инструкција која ги укинува претходните.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сигурно сте сосема во право кога велите дека квалитетот за музиката не е само идеално туку и животно прашање.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сигурно, најмногу поради судбината на нашите деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)