силник м.

силник (м.)

— Море ми, да ве пушчиме, токо којзнае дали сте за вера; да не ни донесете некоа беља, оти едвај истераме едни силници, сакаа да не изгазат преѓеска.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ване не беше силник и јас уживав во неговата благост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Едни беа за спогодби. Да им плаќаат по нешто на силниците, за да ги остават мирно да си живеат како досега.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ни ги зеде ферманите и нѐ безоружа – кажа дојдените со тешка тага на срцето и се замислија што да прават без документите. – Дури сега ќе станеме пљачка на силникот, се жалеа сите видни луѓе по Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе живееш сѐ додека глутницата од силници има потреба од твоето живеење. Живеј за себе!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арслан и другите Турци направија една прошетка од едниот крај до другиот и ја измерија првата редица старци, кои заштитувајќи ги своите млади синови ќерки и внуци ги изложуваа своите голи рунтави градници и бели глави пред силникот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но кој можеше да му верува нему таков, скудоумник и силник, дека се сожалил на некого туѓ, и згора на тоа старец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Другиот ден, пред самиот ручек, ќе го симне грнецот од оган, ќе го извади поклопот, ќе му тури потпршка, троа брашенце и црвена пипер, и - ете ти јадење од кое немаа најаска силниците кои доаѓаа, божем по работа, уште одвечер во Потковицата и заповеда да им се зготви утре за ручек чомлек.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мажите од Потковицата извадија од пазувите кој стап, кој цресло, кој жегол и удрија по силниците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да беше жива мајка ѝ сигурно ќе го потврдеше тоа, меѓутоа и самата знае дека Пеличка е чиста нејзина копија освен што е заробен небото од очите на силникот!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„А поважно од сѐ е, вели пашо, што разни јанкесеџии и силници му ја темнат славата на падишахот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За тоа му требаше уште со темно да појде од Блатието, да се изложува на опасности од зулумќари и разни силници кои толку често се среќаваа по друмовите, па потоа и да чека пред градските порти додека да помине деврието.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кој ги уби и покри со земја сите оние силници и моќници?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Затоа љубовта, симпатиите, ни беа насочени кон него, а желбите кон партиските силници.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А беше дошло такво време – никакво: насекаде ечат фанфарите на силниците, нови тендери за извоз на демократија сѐ додека увозниците не сфатат дека сила бога не прашува.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)