сипува несв.

сипува (несв.)

ПОЦКО: (Се смее.) Е, бре брат Арсо, ти на сѐ капак! (Сипува вино.) Ајде сега вино црвено, да биде уште повесело! Повели, куме!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кога му се сипуваа ракија на здробената шепа, воздивнуваа пучно: „Не пиеше, а господ сепак те заборави.“ Крвта се разводенуваше од лутата течност, капеше низ мртвите прсти и си го копаше сопствениот гроб во сувата земја.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Човекот зафати да сипува од тенекијата во чашите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Без импулси за животот околу себе паѓале на земја по првите прегратки со жените и со мајките и се распливнувале во нејасни, распарчени и испреметкани соништа, пред тоа преслаби да ја голтаат и да ја издржат ракијата што сосила им ја сипувале помеѓу испуканите и раскрвавени усни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таму, меѓу басмари, аџии, скитници, додека од преголем котел некој анџија ќе сипува во чанаци преварен грав со козји дробенки или бел пилав од кочански ориз, ни оние неколцина Турци што ќе се нашле на своја софра и со свое оружје, од анџар до кременка, не ќе им биле туѓи и страшни; плиснати со оган и загреани од скомињава ракија со која се пее и се плаче, тие ќе се разграштеле, ќе се погледнале со сочувство и машко охрабрување и ќе пресметале што уште им останало во торбите и дисагите и колку имаат на колите сено за добитокот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека ја сипуваше водата во зовриениот ладилник, Хернандо го крена погледот кон нивните исплашени лица.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој беше наведнат врз мојот стомак; со палецот го беше затворил отворот на шишето толку колку од него да капе по некоја капка; сипуваше виното во мојот папок и потем пиеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем легнав под дрвото; бев решена да му исполнам на тоа несреќно будалче сѐ што ќе посака; го открив сосема стомакот, и тој почна со својот ритуал; сипуваше по неколку капки во папокот, и потем со јазикот ги лижеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Очите ѝ забележуваа сѐ, и сега таа ги слушаше вообичаените звуци, за кои обично не беше свесна - ѕвечкањето на ножовите и виљушките кога ги допираа чиниите, мласкањето на усните што џвакаа и клокотењето на виното додека го сипуваа во чашите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ама, нејзе од Бога ѝ е дадено да биде миротворец, па со стутканото малечко во прегратка, им се сипува на двајцата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)