сирота ж.
сирота прид.

сирота (ж.)

САВЕТКА: Аман, мори ќерко, што да правам јас сирота?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кога си дојде она сирота, кога разбра и место си ѝ нашол?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Лелееее! Јас сирота! Зини земјо да ме г'тниш! — почна Митра да се стиска и прсти да крши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Браче Илко си а наредил работичката, а јас сирота токо се жалам ќе су останала сама.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја однесле во болница, детето се родило живо, но таа, сиротата, умрела. Тоа дете си ти.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Леле, јас сирота, велам, како ќе куцам олку тешка, како ќе носам двајца на една нога.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И зарем би можеле да се лутиме на овие сироти забревтани гудиња кои патем и ги јадеме.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Не може сиротата имињата да им ги запамети.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- ти се молам, мила ќерко, поврати се дур е време - оти ти си многу млада - многу млада росен цветец - ај, погледни уште еднаш - проговори уште еднаш - да ми дадеш проштевање - на мајка ти некадарна - од болките да те варди - од болките да те спаси - леле, леле јас сирота - што сум била таксирлија - што ме најде небиднина - ај, со тебе јас да легнам - да те топлам, мила ќерко - како в земја да те легнам?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Леле, леле, јас сирота... прокудена од судбата што ме снајде, згромодиса? - немој, ќерко, немој златна - да оставаш твојта мајка - да се стори кукавица...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)