сиротен прид.

сиротен (прид.)

И сирото тркачко грло со куп ребра и една бела душа - си попаднало во нестарателски раце. „Твојата соба е поголема“ , шепнаа. „А утре ќе дојдеме и ќе го однесеме.“ „Кого?“ Го триеше со дланката темето и мислеше: брзо ми расте овесов на глава - треба утре да појдам на бричење. „Коњот“ , чу и се изненади.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го видов сирото воле со бела дамка на челото. Лежеше на слабина и збревташе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги слушаше Пискулиев овие жаловити зборови, ја подисправаше некако својата мршава, извиена снага, со клапнати рамена, како да сакаше со тоа да ѝ ја поткрепи верата во себе на таа сиротна жена, и најпосле одговори како што го учеше неговата смирена и блага душа: „Не бери гајле, тетко Спасие, ти само учи го да гледа што правам јас, јас сум ги минал тие патишта”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа се туткаше како некое сиротно маче во близината на наежен пес што широко се рашетува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Жално мое девојче, земи ги за утеха, зашто никогаш веќе нема да бидеш толку убава колку што си сега, ти ќе треба да одиш кај другите, другите имаат за тебе само обични зборови. само /ас имам за тебе песна, но и во песната не можам да го кажам твоето име, треба да го кријам со други имиња, а без него е песната сиротна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Само пристојно се насмевнав и киднав, немајќи сила да му кажам дека сиротата Македонија, поради онаа грчка будалаштина, всушност навива за Меккејн.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Сиротите животни со тажен поглед се утешуваа од зборот на нивниот газда, знаеја дека тој збор е полн со разбирање за нивната мака – тие и тој имаа иста цел: да стасаат до врвот, излегувајќи од темната магла, од коријата со згусната дабова шума.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На Бадник, празникот кој им значеше живот на моите домашни, бидејќи редовно се колеше по едно живинче, оваа година на мојата трпеза се најде едно младо, невино, штотуку од цицка оттргнато јагненеце, сирото толку се беше смалило од печењето што целото така расчекорено со сите четири, го собра во тавата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)