сируп м.

сируп (м.)

Дури и сега јасно се сеќаваше на мирисот на градот – мирис на топли вафли со сладок сируп, кои му се топеа во устата додека низ толпите купувачи се пробиваше накај пристаништето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Еден од браќата, лекар, сестрата, медицинска сестра, ѝ носеа на Мајка секакви лекови против главоболка, за смирување, разни сирупи, за деца и за возрасни, витамински препарати, а таа беше здрава, поздрава, за својата возраст, не можеше да биде.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сѐ - за малку млеч и полен за прополис и густо проѕирен леплив и лизгав јантар амброзија и жолт јаспис за твојот балсам на бесмртноста за твојот сладок прелив на младоста за драмата на творењето за смолата на детството - разлеаниот сируп или сакаш недвосмислено да кажам: за мед, мелиса!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се напив три капки сладок гроздов сируп и во трансот на пријатна опиеност те прашав: “како ќе погледнеш во моите очи кога имаш срце на кукавица, а мислев дека си божество”?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На местото на семкарата карши Градежен сега има фонтани, а порано печени костени и сокчиња од сируп со сода секогаш земавме различни за да си делиме.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
- Зборот строги е премногу благ... Ми ја мерат секоја слободна минута, времето ми го даваат во лажиче, како сируп. - Ха, ха, ха! - се насмеа Роска.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На крајот го следеше и подготвувањето на сирупот од шербет (варена вода, со сок од портокали и шеќер), со кој ја прелеваше испечената баклава со половината од сирупот, а потоа и со другата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК