сити несв.
сит прид.

сити (несв.)

Така, синко, да ми си прокопсан да не ни се ситат душмани.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Погледна преку река, а таму децата наседнале на гредата што ја имаа спрострено на другиот брег, и ситејќи му се, го гледаат што ќе прави.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш, бездруго, ќе започне огнот да гори, а душманите ќе гледаат отстрана и ќе се ситат, ќе уживаат кај што ќе се черечи брегот, кај што ќе се распарчува...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се ситевме со таа игра, ама не и со парчето пченкарно лепче и сувата коцка мармалад.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Подоцна ги замрази сите тие места кои му се чинеше да му се ситат потсилувајќи му ја неговата тага.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Му велеа роднините и пријателите да ја напушти да земе некоја куќа под кирија во селото, но тој не сакаше да чуе; постојано ги потпираше ѕидовите со дебели дрвени појаси, ја вклештуваше во дрвени стеги и не ја напушташе - не сакаше да се сити Танаил.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дедо му Аврам кога лежеше болен и кога вака му доаѓаа луѓе со понада, велеше: „Во животот човек може да ти направи зло колку што сака, тоа се простува, но најтешко е ако пред умирање не ти обрне внимание, ако во тие моменти ти се сити или свети...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
2. Од збор до зло-дело Се згрозив, Бела Троице18живата реч ја сведов на зашеметен шум зелен страв и црн смев иронија алегорија карикатура убавото го нагрдив оти видов на секоја педа од домот мој похота по туѓ имот стрвност по стихијност ставање рецки на почеток и крај во историјата (за да може да се викне „мое“ и да се потегне!) оти видов луѓе се насладуваат во јадот на ближниот се ситат ненаситно еда просто ситење својствено човеку створу божјему, ѕверу, укору! оти очите ми претекоа од гледање зборот ми се преврте наопаку - опак камшик очигледен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Испаѓа како да му се ситам со неизбежното грдо и грозно доживување во моментот кога, откако ќе влезе дома, ќе се сети што го очекува горе во спалната каде што ќе ме најде легнат на плеќи, со устата зината, можеби и полна со муви и со очите оврлени, дека умот ќе му штукне од тоа од што веќе и мене ми се крева косата и ми се гади.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Го гледа Томета и му се смешка. Му се сити на Томета.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А децата, велеа, аскерот ќе ги собери и ќе ги прати по острови, како на сургун и таму ќе ги учат мајките и татковците и браќата да си ги кодошат и дека од нив ќе направат најлоши зулумџии и кољачи кои од крв мајчина ќе се ситат и сестрите ќе си ги поганат, велеа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)