ситно (ср.)

На Вилка ѝ навеза ли ново кошулче? — ја праша Доста Бојана со која никаде не се делеше, та дури и на Велја сабота навалија двете еден котел, да приперат нешто ситно од децата и да набелат некоја нова нивна кошула, оти утре треба да се излезе на сретсело, а дал господ, тие двете се „брези магарици" и сите витолишки во нив ќе гледаат, а особено нивните деца: како се облечени и наружани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кожата на ситното лице се опнуваше мазна и разнежено добра.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ниски исушени џбунки високи голи гранки и меѓу нив ситното лисје на зелениката како детски прсти очи на пролетта што истрајува на горскиот студ.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Пред тоа минувале еден по друг крај старчето спружено на веленце врз сено на разнишан колесник со две тркала, сите со поглед кон ситното лице до очи завиткано во шамија под која, кога ќе ја поткренел ветар, се појавувала врз расечената жила на челото мала темна месечина со капка крв без вистинска боја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тоа време гравитиравме околу Галерија 7 - која беше главно собиралиште на сите анархисти, параноици, SF-фрикови, луди поети, софистицирани криминалци, дегенерирани академци, филозофични еснафи, локални мутанти, несфатени педери и лезбејки, дрогераши, идни министри, префинети заводнички, евтини проститутки, агенти на CIA, опозициони заговорници, шизофрени мистици, подздебелени циници, фантомизирани кавгаџии, трговци на ситно, дилери со дрога, забегани научници, еротизирани тинејџерки, егоцентрични рокери и турбулентни панкери, кодоши на Удба, просјаци и по некоја заскитана кокошка од соседниот двор. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 24
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Дребното е големо, ситното е крупно, неважното е важно: не потценувај ја оваа ука!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Главното занимање на населението во Велес и околијата останало земјоделството, во градот - и ситното занаетчиство и ситната трговија, но приходите од тоа одвај можеле да ги задоволат најосновните потреби на луѓето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не помина многу време и ситното лице на Пена се рашири во радосна насмевка во исто време претворајќи се и во глас полн со милина и топлина Пелагија!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во огледалото одеднаш го забележав и братучед ми облечен во пижами, а зад него се наѕираше ситното телце на Кристина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Баба Нада продолжи да гледа во ситното мозолче на раката. Клатеше со главата лево-десно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Разликата од курвите пред МРТВ и спонзорушите на Сталинова беше во тоа што овие првите барем беа чесни и јавно се декларираа дека се продаваат за ситно, додека латентните курви и спонзоруши низ скотските кафичи беа далеку поопасни.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Истиот го ублажуваше со тешкото црвено вино, празнејќи го третото шише по ред. Часовите се наближуваа кон ситно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)