ситуиран прид.

ситуиран (прид.)

Франција, со голема возбуда и со восхит го откри Луан Старова, исклучителниот романсиер, тешко сведлив на рангирања но, сепак, извонредно ситуиран во балканскиот свет успевајќи, низ својата поетска визија, да ни предочи силни искуства.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нејзе ѝ требаше маж. И тоа ситуиран. Кој има свој дом.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој е ситуиран, добро заработува. Нема да зависат од никого. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Неговата мајка, од турски корен, сакаше да замине со својот нов дел на семејството кај стариот дел, кој веќе беше добро ситуиран во Цариград, наспроти желбата на сопругот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Абе, ќе даеш у оглас нешо „лижам баби” или добро ситуирани госпоѓи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Местото било дувло на добро ситуирани госпоѓи, кои давале многу парички за добар млад пастуф кој може да им исполни разноразни желби.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Педерлук стана модерна шема секој од Сорос во раце го зема дојдоа дури во нашиот двор Софија Теодор прв амбасадор Педерлук сегде на Тв се врти и секој водител газот го трти пораки секоја вечер се редат неможат мирно на газот да седат Ја сум пасив, имам снага витка пуштајте есемес никој да не титка добро ситуиран живеам на Водно поздрав до режија нека стои долго
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
„Крени ја високо главата, не си ни прва ни последна“ - е најчестата реплика на мојата омилена колешка, која има и стручно објаснување за мојата состојба: дека, ете, сите знаат оти моето не се тегнело веќе и дека треба да се скрасам во некој нов скут, кој, по можност, треба да биде мрсен и стар, што во превод не значи ни дебел, ни „гробу до врата“, ами да биде ситуиран и доволно стар за децата негови да не се веќе деца, да му се мажени и женети, па да не ми се воевкаат по дома, освен на викендите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)