скандалозен прид.

скандалозен (прид.)

Скандалозното поимање на пишувањето, кое ги нагризува самите темели на наша­та мисла од филологијата до семиологијата, опстојува во она што Дерида го нарекува текстуалност, неговата теорија на пишувањето како систем од придодавки кои се разликуваат едни од други а притоа взаемно не се укинуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа се виде уште од неговите први зборови: - Колега Палигоров, како сте можеле да ми подметнете на парафирање ваков скандалозен предлог за одликување?!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Како по некој договор кој го исклучуваше сето она што не се однесуваше на внатрешната квадратура, во претприемната просторија, заглавениот мебел доживеа скандалозно игнорирање.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Застанати во ходниците, потонати во молк, се обидував да ја проценам искреноста без помпезни гримаси и сарказам, скандалозен перформанс би изгледал како лудило а сентименталните работи како баналност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)