склопец м.

склопец (м.)

Снаа му ги донесе склопците, Евто ги отвори и тури пиперна сол на штицата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А во дрвените склопци кладе ли малку солца? - Не... - А зошто?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Невесто! - ѝ рече на снаа му Евто. - Донеси ми ги склопците со пиперна солца.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Куле се поразведри. Ја зеде торбата и извади сомун 'ржан леб и еден склопец со пиперки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Очите ти се собираат, ти се затвораат ко склопци. А и да се пулиш, ништо не гледаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Шепотеше молитва што само тој ја знае; поточно: ја измислил со зборовите на некој предок, Јаков Иконописец или Круме Арсов, или некој што живеел далеку од нив колку и тие од него: ...нас сите со млеко од иста измитарена биволица нѐ доеле, господи наш севишен, и од еден склопец нѐ демнела сиромаштијата лутица, семето да ѝ се сотре и од правот нејзин да жугне берокуќничка добрина, и исти пијавици ни се плетеле место учкур околу папокот, орли врз темето лузни ни пишувале и штркови балабани низ грчмак срцето ни го ваделе и го пресадувале на новороденчиња, пред иста земја челото на камен сме го допирале, сме биле, не било не, не ќе сме, вечнаја памјат ни ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Деловите на полегнатите човечки стави како да биле поделени на студени и топли зони и додека стомачните мускули им трепетеле на тврдата земја, преку тилот и меѓу плешките им се разлевала морничава врелина, и некој, едниот или другиот Онисифор, мислел дека крвта бара пукнатина на кожата да шибне како црвен знак и да му се придружи на сонцето со брзина на светлоста ослободувајќи се еднаш засекогаш од кожурците на глупавата препаленост, на страдањата и искушенијата што некогаш биле склопец на животворен течен мерџан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Нели е така, брате Никола? - Но ние мислевме дека овој Онисифор фрлил оган врз кутриот Арсо, со полна уста побрзал Никола Влашки наведнат над склопец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Гладен е. Побарал да му ја однесеш торбата со јадење - со леб, со урда и кисели пиперки во склопци.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ставив и залак во ношвите пред зајдисонце, го изедов изутрината при изгрејсонце, ги истрив рацете низ сребрени склопци...
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)