скока (несв.)

И се гледаха тие дјаволи како да се прејале и како да се пиани. И скакаха и играха како механџии кога се пиани и зборат гнасни речи и зборови.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
А, си паднал в мрежа, па сега скокај колку сакаш, не ќе искокнеш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АНА: Их, блазе си ми, има да пеам, да скокам, да играм!... (Потскокнува од радост.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Невозможно ситниот, скоро помал од мене лимар, танок и како од ламарина направен, штукаше мелодично а грленото јаболко смешно му скокаше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Околу него скокаше со гордост на луто петле лимарот Патар.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Околку нас децата скокаа, даваа совети и скоро сите беа на наша страна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Абре, не ми се поплака, токо од ка се врати откај тебе чупето, не се држи. Море пее, море скока, море шетка, место не го ваќа, ене го, го грабна букарот и крши лејка, по вода отиде, ако беше п'н букарот пресна вода.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас знам, Марија. Памучниот палјачо скока сега по собата на една нога и удира со двата месингани таса. Танг, танг!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- „Сега ќе ме фали пред сите“ - си мислеше Милка а срцето ѝ скокаше од радост.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И зачекоре по таа крвава трага, со пушката преку рамо и тешко пробивајќи се, сѐ додека самјакот не почна да остава зад себе пак една добра разгазеност, кога престанал да скока, а за сето време размислуваше каде би можел да го очекува сега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На свијоците ги шири крилјата како авион, скока и креска колку што му држи гласот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Што, се чудите? Еднаш така и стана: скокајќи од креденецот врз него, кога тој беше отворен за да се исуши од дождот, Фигаро го расцепи свилениот чадор со своите нокти.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
На пример, многу сакаше да се обесува со ноктите на долгото и набрано здолниште на бабата; или лулето на тато да го тркала под кревет иако тој поради тоа многу се лути; или да скока врз убавиот чадор на мама!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Магарето срика, се стрча по полјанката, почна да скока и да клоца и го фрли јавачот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сакате ли? - Сакаме! Урааа! Ихуу! - почнавме да скокаме и да ги фрламе торбињата нагоре.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Главатарот скокаше, можеше земјата да се распука под неговите стапалки.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Пред вратата го пречека кучето Лиско. Лиско квичеше, мавташе со опашката, скокаше и се милуваше.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Главатарот престана да скока, ги откачи клучовите од уши и отиде ко својата колиба. Се врати со молив.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Бурето осамено по палубата скока: жално е, и повеќе од жално - нема кој румот да го лока.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
На цртежот, горе, лево, по пат скока црвен чевел.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Повеќе