скопски прид.

скопски (прид.)

И вистина дијалектот велешко-прилепско-битолско-охридски е јатката на македонскиот јазик, зашто на запад од него е дебарскиот (рока), на југ – костурскиот (ронка), на исток – источниот или солунскиот (р’ка) и на север – скопскиот или северниот (рука).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Преку сцената пат за Водно, покрај патот густо дрвје, од далеку се гледаат темноцрвени покриви од градските куќи и врвови од дрвјата, над кои се извишува скопското кале.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Го ценев и затоа што призна дека сме посилни од него, им се радував на прикаските што ни ги расправаше за непознатиот скопски Рокамболо, одмаздникот Киро Атевиќ, за кој не знаев постои ли навистина или е измислен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
– Тогаш да се зафатиме здраво за работата, како што вели падишахот наш, да му е честит образот – проговори скопскиот беглербег.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За напад од Тиквешието требаше да се подигне скопскиот беглер-бег, a трето, кадијата се исплаши сам на своја глава да ја подига таа акција да не претрпи пак пораз кој може да го налути султанот та да настрада.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По враќањето на Сефедина од Истанбул, кадијата свика мезлич со своите бегови и агалари, на кој го покани скопскиот беглер-бег; праќајќи му го копието од ферманот што го донесе Сефедин за него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Крај живата багремова ограда на дворот минува една линија од скопската железничка мрежа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во 1942 година е уапсен и осуден на смрт со бесење како организатор на атентатот врз бугарскиот висок полициски функционер во Скопје, озлогласениот Мане Мачков, казната е преименувана во доживотна робија која ја издржува во скопскиот затвор Идризово.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Меѓу нив беше и најславниот скопски дервиш.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сега се приготвувам со учениците да го пречекам Скопскиот валија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Жената се врати... Внатре беа членовите на Месниот скопски комитет.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ех, што ќе биде, што ќе биде!“ мислеше Бојан и самиот возбуден од претстојното доаѓање на уважените скопски професори.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Па како да се снајдат вашите музи во скопската слама и лој.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Речиси на секој чекор се среќаваат коли со скопска, па потоа со нишка регистрација.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
БЕШЕ врнежлив ден, кога од скопската железничка станица тргнав со „дортмунтскиот“ експрес за Минхен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со скопските градежници Кога влегував во франкфуртската станица, погледот ми се задржа на една извонредно висока зграда, која забележливо се извишуваше.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Bo барањето на што поубедлива документарност при интерпретација на личните и општи судбини, зафатени од виорот на Балканските војни и Првата светска војна, покрај кажувањата на десетина преживеани учесници од Македонија (со кои успеав да се сретнам во Битола, во Солун, во Берово, во Горно Коњаре, Скопско, во Ваташа, Кавадаречко, во Слојштица Демирхисарско, во Жиово, Мариовско, во Претор, Ресенско и т.н.) ненадоместлива помош ми беа и белешките на учителот Милорад Марковиќ, односно неговиот „Воен дневник“, којшто во еден поголем дел е воден на боиштата во Македонија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во тој бој загинал дедо му на Првославец и паднале жртви десетина од карванот, маскари и борци на тогашниот скопски бег Муследин.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тагата по селото во подножјето на северната скопска црногорица ги гонела со труд да го совладуваат бавното движење на времето, во таа доба на годината ненадејно смекнато од јужно ветре и од сладострасност на цутната разбуденост на овошките.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа било јасно и било јасно: многуте советници со висок ајлук и вечни гости на беговиот мудбак можеле да им смислуваат одмазда на непокорниците од Кукулино; тие исти советници еднаш веќе сториле да загине од безмилосни пушки измирецот и милосникот на убавината Селџик-бег заради споулавеното јунаштво да ги зема под заштита копуците и залангугурите од најкраставите крстени села во Скопската Котлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе