скрати св.

скрати (св.)

Потсетуваше на неприготвен ученик. Се нишаше и со несигурен глас говореше брзајќи да ја скрати непријатната ситуација.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во дни, нејаки од жештина за да се скратат самите себе, козата на некој железничар, ојарила на среде улица животинче со две глави; на стаклата на градската аптека се појавила богородица, гола и со шашливи очи; еден старец по трет пат се разбудил во својот живот со млечни заби.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Врагот да ја земе, ми го скрати животот за неколку години...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Класниот непријател премногу крева глава. Треба да му се скрати.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Скратете, ве молам, за да дојдеме што побрзо до темелниот извор на фрустрацијата - вели мојот shrink.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И оваа трансгресија ќе ја зајакне неговата неодолива импулсивност, речиси истата онаа која ќе ја мотивира неговата мајка да го преземе фаталното патување во родната земја и која ќе биде принудена да го скрати.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Невозможно е да се избегне, можеби може само да се одложи: а сепак, наместо тоа, одвреме навреме и со свесен чин на сопствената волја човек одбира да го скрати интервалот пред тоа да се случи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се обидував да си ја дофатам опашката и да ја гризам, но не можев да ја дофатам зашто, за жал, немав опашка, ми ја скратиле славната еволуција и оние, таканаречени, културни придобивки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Скрати му ги правата, брате!” ме советува тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Фоте сакаше да се изнасмее на нејзината недвосмислена шега, но си ја скрати смеата за да ги пресретне Богевци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По некое време реши да ми ги скрати маките и ме прекина: - Уморен сум, - ми рече, - те молам, не ме гњави со глупости.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пред два месеца, Лила требаше да му се придружи тука и да му ја скрати многумесечната осаменост, но таа веќе по третпат му најавува дека сѐ уште не ги решила прашањата со одржувањето на нивниот комфорен апартман, па уште извесно време ќе остане во Софија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Снешкото на балконот почнува да го губи достоинството, па домаќинката решава да му ги скрати маките: со еден замав на метлата го обезглавува и го исфрла на улица како партал.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Уште една промена кај оваа материја настана со измените на овој закон – имено, во октомври 2009, максималното траење на прекувремената работа се скрати од десет на најмногу осум часа во текот на една недела (чл. 5, ЗИДЗРО/окт.09); д) во август 2008 се избриша изречната забрана која предвидуваше дека работникот во ноќна смена смее да работи најдолго една недела (чл. 11, ЗИДЗРО/авг.08). 17 Тука ќе го спомнеме и воведување- 17.  ССМ реагираше дека работникот може да биде принуден да работи ноќна смена во текот на целата година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Дополнителен отежнувачки фактор за едно невработено лице да ги земе паричните средства што му следуваат со добивањето право на паричен надоместок е воведувањето на можноста времето на примање на паричниот надоместок да се скрати ако врз основа на авторски договор, вршење на занаетчиски и други работи или на некој друг начин се здобива со приход, кој месечно не е поголем од 80% од просечната месечна нето плата по работник во стопанството (чл. 79, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
2. Работно време а) Со носењето на ЗРО (1993) полното работното време од претходните 42 се скрати на вкупно 40 работни часа седмично (чл. 30, ЗРО/93); а дојде до намалување на минимум 30 часа, наместо поранешните 32, кај работното време на работниците кои работат на особено тешки, напорни и штетни по здравјето работи (чл. 32, ЗРО/93); б) ЗРО (1993) воведе промени и кај постоечката листа на т.н. особено тешки работи: од една страна, од оваа листа беше изоставена работата во атмосфера загадена со отровни гасови и отровен прав; а, од друга страна, оваа листа беше дополнета со неколку нови „тешки работи“, пред сѐ од областа на културата – како, на пример: балетски 16.  Како, на пример, во: глава IV.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со овој одговор, иако беше застарен, Јана го скрати разговорот врзан за нејзината внука, мудро избегнувајќи ги деталите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
’Ршум ми прави. Ми ја разорува околијата. Гледам ја скратило косата и влегло во панталони.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК