скратува несв.
скратување ср.

скратува (несв.)

На тој начин дрогата можеби го интензивира духовниот живот на уметникот за одредено време, но во значајна мерка и го скратува.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Почнуваат самите да го скратуваат одморот и, сконцентрирани кон длабокото, многу повеќе молчат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На заточениците им било забрането да излегуваат од затворските соби заради перење на облека; не им била давана помошта што доаѓала од дома, а не им била праќана и поштата наменета за нивните домашни; им бил даван пресолен леб, а не им било дозволено да пијат чиста вода; им била скратувана лекарската помош и друго.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Го скратуваше патот, ги гледаше сообраќајните знаци и правила без да е свесен за тоа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јас ѝ го скратував животот веројатно секој ден по малку, несвесна дека го правам тоа со моето однесување.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Молк завладеа и само искрите и пламенот во огништето се разигруваат и ту ги лулаат, ту ги издолжуваат и скратуваат сенките раздвижени на ѕидот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)