скусува несв.
скусување ср.

скусува (несв.)

Тоа Змејко го чувствуваше како напор при пречекорувањето, воопшто не како некакво заоглавување, но на Претседателот, а особено на Језикила, тоа сосема им ги скусуваше чекорите и тие често застануваа и дишеа со сапови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја гледаше сега таа зачекорена мечка како го скусува растојанието меѓу нив со некој нов скок и уште веднаш сети како од зад него се раззинува една длабока празнина, една ужасна провалија, и го влече кон себе; беше едно чувство како некој силен ветер да му дува во градите и просто го оттурнува да отстапи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Патуваа дома, секој на свој начин. Оној патуваше така. Растојанието од нив тој полека го скусуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ама како што се оддалечува, така и ги скусува чекорите, ги успорува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одвреме-навреме одел и дома ѝ, и гледајќи ја каде што се движи низ куќата, не му изгледала толку дебела, сѐ додека не седнела, при што сите облини се спојувале: нозете ѝ станувале како една, колковите се ширеле, а горниот дел од телото се спуштал надолу, се скусувал и раширувал.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога ќе откафтеше уста нејзините зборови се однесуваа само на зимата, на снеговите што знаат да ја покријат целата рамница и не само рамницата, туку знаат да ги затрупат уличките, дворовите, покривите, така што се добива впечаток дека ѕидовите од куќите се скусуваат, а луѓето се претвораат во џуџиња во така мали кукички.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој денот го поминуваше на падините на Водно каде со некои други луѓе ( Со Шиптари и Егејци велеше) садеа нова шума, а жена му животот го скусуваше во лешочкиот санаториум.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А којзнае, можеби и самиот наеднаш се виде престрашен од својата моќ бидејќи изгледа сфати дека покрај другото таа негова моќ за жал ги скусува и посаскуваните вињаци.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но затоа пак љубомората скусува барем десет години од животот! не се срамеше да ми префрли или да ме посоветува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
При што никому од тукашните главатари не му текнува Да поведе сметка и за нас коалите Па на секој новодојденец да му наложи при цапнувањето во Австралија Да засади макар по еден еукалиптус За ние да можеме безгрижно да сонуваме И да си ја исполнуваме својата мислителска мисија А не да ни ги скусуваат соновите и од нашиот еукалиптус Уште да прават и некакви бонбони за шмукање Божем нема со што друго да го лечат народот од грлоболка Ние коалите не сме злопамтила Ама вие сега видете каков тоа човек создала работата И дали е баш вистински човек оној кој на коалите им зема дел од еукалиптусот Таквите во Македонија ги викаат човеци Некои од нив доаѓаат од стар крај со навики да крадат дрва за огрев Ама и кога крадат барем крадат дабови и борови а не еукалиптус
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)