слабичок прид.

слабичок (прид.)

Стоеше, притиснато до ѕидот, непомрднато, исправено и тенконого, едно растрперено ливотче, едно срнче - јаренце, по чие што тело без прекин прострујуваше по една таква морница, од која трепереше секоја косминка од крзното на ова слабичко суштество, кое како да имаше џвакано меѓу острите заби волчта ноќ надвор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знам, сум видел луѓе со слабички срца.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но овие луѓе го гледаа татка ми со големо сожалување како севезден ја влече црната чанта со книги и не стигнува да ги прехрани своите слабички деца.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да се пречекори тој раскин кого што луѓето како и да не го забележуваат иако кој знае што воопшто забележуваат тие мрачни луѓе што се качуваат во вагоните на метрото за потоа да се симнат, што покрај превоз бараат тие луѓе што се качуваат пред или по за да пред или потоа се симнат, а што само се поклопува во некоја зона на вагонот каде што сѐ е однапред решено со тоа што никој не може да знае дали ќе излеземе заедно, дали прво ќе се симнам јас или пак оној слабичок човек со ролна хартија, дали онаа баба во зелено ќе продолжи до крај, дали тие деца сега ќе се симнат, ма јасно е дека да бидејќи веќе ги собираат тетратките и лењирите, низ игра и смеење приоѓаат кон вратата додека таму во аголот некоја девојка се стабилизира за да потрае, за уште многу станици да може да седи врз конечно испразнетото седиште, а таа девојка е непредвидлива.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Еден од пациентите во одделението беше слабичок средовечен маж, со жена и семејство, кој беше, мислам, службеник.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јас познавав и друг градоначалник, мошне слабичок, кој веднаш од граѓаните беше прогласен за слаба фараонова крава и подоцна, ниту една негова наредба веќе не можеше да има сила.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој отсекогаш беше слабичок, но наскоро стомакот почна да му се прелева преку панталоните.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Маргина и во иднина ќе настојува да обрнува внимание на некои ретки понеобични нешта во нашиот медиски простор, и плус ќе настојува прво да се воспостави соработка меѓу тие пар слабички и по многу нешта инфериорни „независни“ медији, а потоа таа соработка да се одвива во насока на многу поголем префесионализам, на многу поголема одговорност за изречените нешта.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Намрштено ми ја подаде раката; јас силно ја затресов, но освен тоа што дебелите румени обравчиња кратко му завибрираа, раката му остана млитава во мојата рака, исто како и раката на братучетка ми Кристина, едно мало, слабичко девојченце со огромни очила со дебели стакла.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога ги збрка полицијата, тој се најде меѓу првите редови во бегањето, но беше слабичок и истоштен, и сѐ повеќе заостануваше, не ги разликуваше лицата, гледаше само како безброј нозе го заминуваат, го сечат некако грубо неговиот чекор, и тој останува сѐ поназад и поназад.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кметскиот го снемува. „Малку е слабичок...“ Ке се здебелам, помислува Кочо неволно, и после горко сам си се насмева.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)