слева несв.
слевање ср.

слева (несв.)

Тој и на сегашните јужнословенски јазици не гледа како на три целини, точно разграничени, туку како на синџир дробни наречја што се слеваат едно во друго, како што влегуваат колцата во синџирот од една страна во едното соседно, а од друга страна – во другото соседно колце.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Денеска околу 60% од европското население на Јужноафриканската Република се Бури што постепено се слеваат со Англичаните во една нација.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Причините на претензиите на Србите и на Бугарите се, се разбира, чисто политички, но освен нив има уште една: македонските наречја стојат едно до друго така блиску, едно во друго се слеваат толку незабележливо што, ако се признае едно од нив за српско или за бугарско, ќе треба да се признаат за такви едно по друго и сите соседни со него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пролет, негде и во душата: сиви гулаби се слевуваат од небото, црвена бубалка на дланка, бакарен сјај на црковните прозорци, празнично заскрнување на камбаните.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пред сѐ да се сокрие во магла, тој уште можеше да ги види двете очи на старецот; тие станаа големи, полека слевајќи се во трпетлива светлост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во оваа ноќ низ згрчените прсти на гранките нема да се слеваат лепливи шурки на месечината.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тука судбините на луѓето се слеваа и се претопуваа во една единствена, страша заплеткана судбина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Целата зградичка на пиланата напросто проигруваше од она поројно заплиснување на водата, што сега можеше да се слева по шупливоста од буката и да се распрснува, удрена во коритцата од турбината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И за Претседателот, постоеле и времиња, кои и го барале тоа, во кои наеднаш било разурнато сето наоколу и на прв поглед се чинело дека тие линии, секогаш и премногу бргу, и премногу видливо, оделе една кон друга, взаемно стремејќи се и речиси се слевале, но всушност никогаш не било така, секогаш наново тоа во еден миг можеше да биде откриено и сега јасно можеше да биде здогледано.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Просто го сеќаваше на своите рамена тоа тупо, но толку благо лице, од чијшто поглед ниеднаш не престануваше да се точи знајната длабока, потсмешлива добрина, која немаше заедничко ни со двете големи торби под очите, ни со длабоко и несиметрично врежаните старечки долини околу устата, ниту пак со неговата тврдо скована брада, чиниш од под која веднаш се слеваше јакиот јунечки врат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од челото ѝ се слеваше пот. Брзајќи, таа се доближи до стражата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Долу планинската река, која извира од Караорман, стрмно се слеваше и бучеше.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Од краевите на устата му се слеваше маст, брадата му светеше измастена, но Бојан немаше време да се брише.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Имаше чувство дека се слева со бескрајот, дека и неговото сопствено тело е бескрај.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Замешаната крв што се слева од очните дупки на јунаците во медни оклопи, додека во расечената зеница им ’рти ново семе, ја руменее реката, и бојниот извик, и претсмртниот ропец дополнуваат, заминуваат вплетени меѓу брановите – гордиот гнев на убиените што го надминале хибрисот, сега споен, белобрадиот ветеран и огненото момче, во вечната прегратка на Хароновите води.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сега сите информации за движењето на Чанга со козите се слеваа во еден центар.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По неколкуминутна кондензација во еден од помалите облаци, почна да тече. 20 години се слеваа низ лицето на Џони а тој стоеше мокар со отворена уста кон небото.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Хернандо стоеше долго, без да се помрдне. Дождот му се слеваше, мошне студен, низ образите и прстите, во ткаената облека и на нозете.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Нејзиното тело, како плима се слева кон тебе.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
На пример, стилизираната геометриска форма на лист врз кој се слева тенок акварелен намаз, преку меките потези од молив.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повеќе