следување ср.

следување (ср.)

Заѕидано дрво во ѕидот сугурци — завиткана коса — локни на српски тагар — сад за брашно како ситото и решетото што е само неиздупчен таим — следување, оброк на војниците такам — 1) руба, 2) спрема за куќата, за добитокот итн. такцир — несреќа татки — понатака тезгере — направа за фрлање ѓубрето од дома тек лав — пререкување теклив — забелешка. Не ти фаќам теклив — не ти правам забелешка текна — се сетив тешка (жена) — бремена тизап — киселина за вапцување тисов — столче од тисово дрво.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не отидов дури ни во Црвениот крст да си го земам следувањето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И шетањето ти влегува во некакво следување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Изгледа дека имало демонстрации во знак на благодарност на Големиот Брат дури и поради покачувањето на следувањето на чоколада на дваесет грама неделно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред само два месеца, во февруари, Министерството за изобилство даде ветување „ категорична обврска“ гласеше официјалната порака ) дека нема да има намалување на следувањето на чоколада во текот на 1984 година.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Всушност, следувањето на чоколада - Винстон беше свесен за тоа - требаше да биде намалено од триесет на дваесет грама до крајот на тековната недела.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
17. Намерно не ви кажав а ќе ви кажам оти од вас ништо не кријам Дека се случуваше понекогаш да се состават некои парченца Од моите соништа од циклусот за пропаднатите империи И тогаш ќе го видев Цезар како ’рчи Ако не знаевте Цезар се брои како голем светски ’ркач А неговата љубовница Сервилија Цепонис мајката на Брут После ноќното следување бегала во соседната просторија Знаејќи дека Божјиот син спие гласно И дека молежливото опоменување ’рчиш Цезаре не помага И ќе го видев Цезар како плаче како мало дете Кога ќе се разбуди испотен и сам Плаче ту за малку мајчинска нежност ту за капка врело млеко од кобила
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)