сликар (м.)

По булеварот Saint-Germain сликарот стар е секој ден.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Верглата мрмори глуво и глуво мрмори Сена. Сликарот бавно стана и празен поглед крена.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Ниеден сликар не го пренел досега на стакло тој мртво звук, ниеден ковач не го одѕвонил на својата наковална.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го сфаќам самоукиот сликар. Неговиот филозофски експеримент е зрно на една вистина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не е голем сликар, во теоријата тепка. Исто мислиме еден за друг.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од ѕидот уште го гледаа многуте очи на страшната изложба на неговиот пријател, безначаен сликар, пијаница и очајник, што освен срдечна смеа нема ништо друго.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Жив ли е уште оној самоук сликар, оној што ми покажа еднаш десетина човешки ликови претставени во птичји профили? Луѓе - птици! Човек - гавран, пеликан, мршојад.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се сврте кон сликарот и ја заниша главата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во нејзините толку убави и толку сини очи сликарот го виде и го осети собрано и згаснато сето она што овде го возбудуваше и сладосно го измачуваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Каква едноставност“, со восхит помисли сликарот внимателно загледан во момата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пред очите му играше езерото, како да беше големо, бескрајно платно по кое друг, невидлив сликар постојано поминува со својата четка, му ги менува боите и дава сѐ понови и поубави тонови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сликарот се затетерави, се пласна наземи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Доаѓаше сликарот, ги погледнуваше одвреме навреме сликите од Столпник и сè поупорно настојуваше да го прати татко му во сликарско училиште. Во тоа и успеа. Еден ден татко му се согласи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Луѓето ја загледуваат сликата од поблизу и од подалеку и го прашуваат сликарот: „Што е ова, сликаре?“ „Корен“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога е потопло времето, може да се видат многу сликари како среде улица цртаат, главно, пејсажи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На плоштатката Тертр на Монмартр ШТОМ сум во Париз, наоѓам време за Монмартр, за онаа плоштатка, кај што се собираат сликари од цел свет - за свои доживувања и за парче леб.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако сме ние сликари- скитници, овој што иде кон нас - тоа е наш реквизит - тоа е поет- скитник, - објаснуваше Кире.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На голема Богородица дојде сликар и ги сликаше жените, потпрени на рамото од своите мажи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И пак претставите се кинеа и беа неми, без звук: камени скали во 'рж ... стари пејзажи, литографска идила на млад сликар и недовршени портрети на една недозреаност што лута додека не најде неизгазена врвица.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од ѕидот уште го гледаа многуте очи на страшната изложба на неговиот пријател безначаен сликар, пијаница и очајник, кој освен срдечна смеа нема ништо друго.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе