слика (ж.)

Со одвратност од себе сонот го оттурна она, мислите црни ги гони; но пак ја обградија мачните слики од сонот ноќеска што ѝ се сони. Штом шушнува нешто - смуртеното чело го крева сигурно синот ѝ ќе е!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Драма со музика и пеење од македонскиот живот во четири чина – седум слики) ЛИЦА: Јордан: Селски трговец Рајна: Негова жена Стојче и Симка: Нивни деца Божана: Бедна вдовица Костадин: Нејзин син Коле: син Костадинов Стрико Кољо: Стројник Темковица Славче: Нејзин син Аранѓел: Сопственик на фурна Караман Атанас, Зафир, Ѓорше, Божин, Фидан, Стојан, Стрико Марко: Печалбари Народ.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тоа да го знаеме, но не веќе апстрактно, не само во чисти категории, поими, идеи, туку во поими што се одраз на една материјална реалност, што се одразени идејни слики на светот и општеството, значи да откриеме како и на кој начин можеме и мораме да станеме „субјективни“ делови на објективната стварност, реални фактори во појавите, општеството, политиката, науката, идеологијата, уметноста итн.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Да беше ден исто така можеше да се види дека сликата е од едно четиринаесетгодишно дете, босо и облечено во измаслени работнички алишта.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Стоев на влезот на широчината и ја полнев капата со џамлии, слики, копчиња, шпиртосани бубачки, перца, празни кутии од помада и безброј слични предмети. од неколку улици наоколу доаѓаа деца и ги оставаа своите играчки во мојата ученичка капа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ѕидовите беа претрупани со слики: измешани голи тела на жени со долги вратови и искривени глави.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кај ќе одиш, ме праша ненадејно. - Да гледам слики пред кино Капитол.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
кркми — шишки од косата над очи; крла — едвај оди, се крлеба отколк-наколк; крмуз — боја за вапсување ѓувезно; кросно — направа на разбој; крпен живот — во пренесена слика. Живот со втора жена; кршобарец — мариовец кршобарец
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Непознат снуждено седи дури го пречека зора, непознат слики нуди на сите в „Source" и „Flоra"! На булеварот Saint-Germain облачен, матен, зимен ден.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Машинистот извади од својот џеб бледа и стуткана слика.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зад челична мрежа, најверојатно за да ги заштитат од мене, седат во ист ред сведоците: ученичката во црн сатен, онаа танка скоро проѕирна жена што бездруго ќе се откажува од мене колнејќи се дека сме биле во брак, оној што еднаш го сечев под струјомерот (сиот е во превивки и под долги фластери), оној друг што остана да лежи со крваво теме во царството на пауните и тревите, двајца што еднаш ја откопуваа од подот Неговата слика.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се случуваше ли сликата да оживува од моите трепетливи усни и да ми врати здив за здив? Можеби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И играта на сенките во чашите. Сликите на минатото во нив.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ако бегаше. И ако чекаше? И во исто време со сѐ што стануваше околу него, со нејасните настани, разгранети од прашањето - да чекам или? - во него раснеа слики зашто сега мислеше со својот пулс со секој свој нерв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ми ја зедоа Неговата слика и беа уверени дека ќе се споулавам во осаменост, ќе легнам врз шините на накој колосек или ќе се обесам на својата врска.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Страшни слики му излегоа пред очи: Што ли има станато со детето?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таквите слики не им беа пријатни и тие се чувствуваа некако виновни пред своите совести што ја напуштија верата и својот род, станаа предавници, заради удобен живот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Види пак беља од Турчин, си рече во себе и ѝ се вратија во сеќавањето сите страшни слики од харемот на прилепскиот кадија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Растргнат од многубројните неуспешни обиди да направи слика, сликарот сега првпат осети нејасна радост од средбата со онаа непозната мома, која секое утро поминуваше со својот сад, му пожелуваше добро утро како на стар познајник и си одеше пак нагоре тихо, незабележано...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сте читале ли некогаш природознание со слики во бои?“ „Какво природознание“ , им виснаа рамениците од обете страни на издолжените вратови. „Ние не сме растеле дури ни во ситносопственичка фамилија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе