слично (прил.)

„Во училиштето барај алфа, бој се, вели, од грчкиот јазик! “ Слично на тоа и Св. Кирил ја направи првата буква аз.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Ништо слично нема. Организацијата е тесно врзана со Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
90. Мисирков зборува за „возродување”, „пробудување“, „собудување“ и сл. како процес во Македонија што поинтензивно се развивал од крајот на 80-тите години на минатиот век, но кој не само што траел, туку почнал и уште посилно да се распалува во 1903 год. особено по Востанието.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Има ли нешто слично во Организацијата?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На вратата пред дворот ме пречека сува жена со строга лисичја муцка, темно лице слично на земја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се зарадував што над нив, лета пердувеста и синкава фигура на ангел со гулабови крилја и со мазно лице слично на ќерка му на даночниот инспектор заради која коњичкиот капетан, женски подвижен во полните колкови, минеше двапати дневно низ улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој го повторува тоа секој ден. Сѐ едно исто - или нешто слично.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Најблаго речено, нешто слично можел да доживее некој од мене разделен со стотици генерации, некој над чија черупка безгласно сум стоел во Музејот на животот и смртта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Имаше некакво претчувство како онаа долинка отаде да беше полна, нешто слично како кога се држи в рака полн орев, а знаеше дека тоа претчувство не му е потребно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Истрелот одекна со кристален ѕвекот, како сета ноќ да потрепере со соодветен прекор по своите безбројни, невидливи, полилеи, а после се разнесе во осетливото ехо, многу слично на онаа гладна волчја песна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па и со спиењето е слично: раководителите велат дека со спиењето и децата растеле...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И навистина, излезе нешто слично, но не наполно онака како што си замислуваше Зоки Поки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Овој пламна, ги затегна рацете зад грбот и свика нешто неразбирливо, слично на лаеж.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во рацете му остана тркалезно, бело парче, слично на колаче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некаков предмет, нешто слично на обетка, жолто блескаво...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Толку за сега. Потаму ќе ти јавам ако излезе нешто ново, а и ти веднаш чини абер ако забележиш нешто слично во твојот мудурлак".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сѐ му се виде слично како на сите беговски кули.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
33. ОГАН И БАРУТ НА ЕДНО МЕСТО СМЕ КЛАЛЕ - кој во тоа не ги гледа мажот и жената лично, и не сакајќи тие некогаш сѐ од себе би дале да стекнат својство на такви експлозии слично...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
и тука, слично на овие птици, крештеле, врескале, пискале, југале, фаќале заскитани добичиња ноќе, ги молзеле, им ја пиеле крвта, играле оро околу нив земајќи им го умот, се пикале во оџаците и гнетеле крпи за да им чади на луѓето; тука луѓето сега, на тие трски и шевари, после секој погреб фрлаат од умрениот: кошула, чорапи, капа, антерија, риза, убрус, скутник, шалче, шамија - за покус, за да не повлече умрениот и друг по него од куќата;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Особено во раните утрински часови, кога река од вработени се уптатуваат кон фабриките, продавниците и установите, и - во доцните вечерни часови, кога Будимпешта продолжува да живее во илјадниците ноќни локали, барови, бистрои и во најчуениот ноќен локал „Мулен Руж“, нешто слично на оној од парискиот кварт Пигал.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе