службува несв.
службување ср.

службува (несв.)

По завршувањето на некакво техничко училиште во Крагуевац, Неделко долго службуваше по малечките железнички станици низ Србија и низ Босна, сѐ додека, во 1934-та, не го донесоа за шеф на Бакарно Гумно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Следните триест години ќе ја заобиколи земјината топка на одговорни дипломатски функции, ќе службува во Стокхолм, во Хелсинки, во Исламабад, во Токио, но најчесто ќе навраќа на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Го познавав и неговиот претходник, амбасадорот Петер Себастијан, кој ќе мине најголем дел од својата дипломатска кариера во арапските земји, а во Тунис ќе службува во последните години од режимот на Хабиб Бургиба (1984- 1987). Имавме убави односи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)