смалува несв.
смалување ср.

смалува (несв.)

Тие јазли, т.е. држави, според силата што ја имаа кога се образуваа, си ги разделија меѓу себе сите колца – племиња и наречја на јужнословенскиот етнографски синџир и ги крстија со нивното име. Јазлите како свој центар си го имаа носителот на националното име; со зголемувањето или смалувањето на политичката моќ на носителот на националното име и последново се раширува или се смалува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бегалците упорно чекореа напред, по прашниот друм, не смалувајќи ја никако брзината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Оној другион се мени во зелена боја. И се смалува, се смалува и тој е веќе една обична блатска жаба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му ја смалува кршенката леб и на Патрокле цревата зачестено почнуваат да се преметкуваат и кркорат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Очите не го испуштаа живеењето на ова слабо пламенче што плаховито се виткаше, се смалуваше и наеднаш подрипнуваше како да се покајало за својата минутна слабост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Немаше ниедна друга мисла, додека ги гледаше како се смалуваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислата и грижата за учителот се мешаше со гладот и непроспаните ноќи и сѐ повеќе ја убиваше и смалуваше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кружат шишињата со ракија од рака до рака, паѓаат наздравувања, благослови, едно од друго поубави, помладите поздравуваат со сегашен јазик, а старците вадат од сеќавањата некакви стари зборови, па ги везат и ги редат во долги наздравувања, ракијата во шишињата се смалува, а расположението, расте.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Огнот никако да ѝ стивне, да понамали. Го гори девојчето, го смалува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Денеска тој, утре ние, велиме и се собираме, се смалуваме. Мислиш и главата ти е смалена од студот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И жена ми умре, тукуречи од ништо, вели, кажи Левтеријо, вели Глигор, од нешто од некое живинче што почна да ја пасе однатре, вели, и да ја суши, да ја смалува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Започна кожата да ѝ се набира, да ожебавува, дебелите засеци на нозете и рацете да ѝ се зарамнуваат, да ѝ се смалува подбрадокот, да ѝ спласнува мевот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се лепам, се смалувам низ твојата топла кожа со наежени влакненца, лесно навлажена од потта кај рабовите од вешот: - Остани со мене.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ние со Наталија само се смалуваме и се собираме онака настрана.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Начисто се смалувам во алиштата, што се вели, полжав се правам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас си подголтнав и Оливера Поточка почна да ми се оддалечува, да се смалува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вратата низ која излегуваат сè повеќе и повеќе се смалува, но мене не ми е чудно зошто тоа е така...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Со смртта, со наближувањето на смртта, човек насетува како му се смалува кругот на светлината на семејството, народот, татковината, светот... – Животните немаат татковина, немаат некаква светлина да бранат! – ја упростувал мислата Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во пазарното стопанство со развиена конкуренција, претпријатијата се приморани што повеќе да ги смалуваат ризиците на работата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Денес почнува развитокот наназад, поврзан со намалувањето на вредноста на активата и капиталот, додека долговите не се смалуваат во ист размер.
„Маргина бр. 21“ (1995)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК