сметува несв.

сметува (несв.)

Во таков случај детското одбивање на храна парадоксално треба да биде сфатено како начин на којшто субјектот се пре­сметува со сопствената желба во поглед на мајчин­ската љубов.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Веројатно во него на прво место била веста за да се израдува татко - дека веќе ги посетувам часовите во машката гимназија Цветан Димов , а потоа за тоа дека парите што ги носев со себе веќе ми се при крај, дека повеќе сум гладен отколку сит ( леблебија за 20 динари), дека кај Нанчо спијам на гола земја откако ја сметувам косата што ја стрижи преку ден, ама дека и тоа во последно време сака да ми го откаже оти не му е пријатно да бидам сведок на она што го прави со некои прибрани жени од железничката станица во заградениот дел со обична хартија за завиткување!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)