смилува св.

смилува (св.)

МАНОИЛ: Смилувај се за бога! Смилувај се!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Смилува се бог...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Некои ја примаа оваа порачка молчешкум, други изгледаа пропаднати од недоумение кај да најдат пари, а неколкумина попладнето на деда Бошка му дојдоа дома да го молат да му рече на арамијата да им се смилува, да не им сака, зашто немаат од каде да најдат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Цел месец не се смилува да фрли некое покровче пред жешкото јулско сонце, та така ги испече на животи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јова или која било, ќе ги наложи со коприви и сол за да им спласнат сињилата и да можат утре да издржат повторно додека да се смилува Мефаил да ги пушти дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Господ да ни се смилува: човечкиот ум си шета, не е за едно место, не стои на исто.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ што е врзано да разодврзе, да не тоа ми помогне, да се смилува господ, да не ме мачи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Доста е, вели, смилувај се, многу е темница. Целата сум модрици по нозеве, вели, се истепав во темницана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури и Тихир бег Јаузоски, кој, зашто Боше беше негов овчар и најдобар во Потковицата (само да ѝ го земеше вимето на сјагнета овца во грстот веднаш ќе ти кажеше кога точно ќе се објагни, дали по еден саат, дали по два дена, или по една недела) им беше многу налутен на Јанчески што допуштиле ајдутин да им го земе од постела, во тоа виде божие претсказание па помирливо рече Господ нека ви се смилува вам Јанчевци: ланилето еден ваш се вулоган паѓајќи од Камен, завчера стрика Анѓела го закопавте, ноќеска ајдути трет ви грабнале и заповеда сите возрасни веднаш да се дадат во потера по ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чинам дека кога сината точка што веќе ширејќи се наидува кон мене, кога ќе увиди каков уништувачки страв доживувам, ќе ми се смилува, ќе застане недообличена во она што ми го носи и , или ќе го смени правецот, или во себе ќе пројави некаква белина од чија пријатност ќе се затоплам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сигурно тие што чекореа набргу ќе престанат, ќе се смилуваат, ќе ме остават нивните газди барем малку да отспијам, за да можам да ја продолжам утрешната етапа на патувањето кон морето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога ќе му раскаже дека ќе ѝ го одземат детето заради тоа што не е вработена, што нема средства за живот, можеби ќе ѝ се смилува. Нејзиното единствено дете.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Затворениците требаше да се вратат во затворите, меѓутоа Сталин им се смилува, ги ослободи, а тие кутрите, работејќи на каналот, ја доживеаја најголемата казна. Беа повеќе мртви, отколку живи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ервехе откако си ја поврати душата по среќното враќање кај своите преку границата, врвеше по истиот пат со своето ќеркиче, уште похрабра, со своето семејство во себе, уверена дека повеќе никогаш нема да го напушти, дека границите колку и да се излезени од пеколот ќе ѝ се смилуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка, кутрата што стори молење до Бога да се смилува да се крене границата за да замине да го види брата си Сабаудин Руси, кого на галено го нарекуваше Бубуш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Судбината му се смилува. Се оддалечи од Тирана, за да работи како адвокат во крајезерскиот Поградец.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа внатрешно неспокојство кај неа се зголемуваше со самото приближување на уште една година, сигурно е поради тоа, си мислеше, што повеќе да посакам во Новата година кога веќе Господ и Света Богородица се смилуваа на мене и ми го покажаа патот до благородното срце на мајка Перса!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А кој и да се смилува гледајќи ме ваква стемнета со малечко во рацете и со огромно куче крај себе!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Овде им било и ним местото”, - помислува Соколе и ја погледнува како пропаднат в земи, стопати колнејќи се во себе зошто се нашол овде и молејќи ја, не знае зошто, тој неа да му се смилува, како да кренал секира над неговата глава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мојата баба како да беше одраснато сираче, небаре вградена во куќата крај Езерото, како во една поприфатлива и почовечна варијанта отколку во балканските легенди, во кои млади мајки се вградуваа во темелите на видни градби, за да се смилуваат злите и кобни сили да ѝ ја поштедат градбата од мистериозно уривање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе