смирувачки прид.

смирувачки (прид.)

ФЕЗЛИЕВ: (Ја гледа. Отспрвин не ја разбира, но кога ќе ја открие нејзината намера и уште повеќе јаловоста на тој нејзин обид, тој ѝ се обрнува веќе мирно и смирувачки.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Пристигна ноќта и сонот - се теши чавчето и го става главчето во смирувачката топлина на пердувите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ти плачеше, со едната рака стискајќи го Навахо ќебето до градите и грабајќи по твоето бикини со другата, а јас се обидував да те успокојам со смирувачки фрази како, „Да му ебам мајката! Неверојатно срање!“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
О'Брајан положи, речиси нежно, една смирувачка рака врз неговата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Настапија компликации, неминовни во периодот на транзиција - транзиција... трансформација... дестабилизација... приватизација... изговара Влатко со забавено пулсирање... мислата се кине, концентрацијата попушта, се завиткува во некаков бел превез, нема сила да му се спротистави на сонот, му се предава без отпор - сонот е смирувачки, благотворен, мирислив, мек - небаре е скутот на баба Мирјана...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Бунар е обликуван како кинеска кутија која содржи сѐ уште неоткриени прегради и веројатно уште по некое дупло дно, скриено до следниот обид за толкување на овој повеќезначен роман во кој можните комбинации на прашања и одговори со оглед на доминантните мотиви на сомнеж, на гласови на кои не е можно со сигурност да се потпреш, на паралелните наративни текови, се наизглед неисцрпни во мера во која овој роман може да го понесе епитетот на отворено дело без дефинитивни вистини и конечен, смирувачки крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како низ лут чад што штипе во очите, пред поткосените коленици му се прелеваа една во друга некои сцени препознатливи, а далечни: замрсено клопче од отуѓени луѓе со забавени движења што плетка нешто во безгласна кавга каде да се легне мртовецот - дали да остане на троседот или да се испружи на масичето со висната глава и подвиткани колена додека да дојде нарачаниот ковчег; помалиот син, Гоце, кого не можат да го одвојат од постариот и кој не само што му ја стиска туку и му ја тресе раката, постојано повторувајќи „бате, бате” во пуста надеж дека некако ќе го разбуди; жена му, не помирена ами умртвена од смирувачките средства, веќе забрадена во црна шамија, одеднаш остарена, преполовена и смалена, стопена како грутка снеговна на дланка, со прачки од раце во празниот скут; свеќата што гори над дамкосаното чело на Нако, што станува восочно до проѕирност; миризбата од козметиката на снаата, нешто меѓу темјан и колофониум; мувла од пештерска црква, а сè во мансарда од новоградба; испиени лица на светци од икони а само смртни грешници со подуени модрини под очите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Монотониот звук на фабричката лента беше едноставен, смирувачки, исто како и неделниот чек кој редовно го подигаше во петок, по само десет минути чекање во уредна редица од работници дојдени, како него, којзнае од каде – Руси, Црнци, Кинези (колку многу Кинези!) и некои други раси и видови кои не ги ни препознаваше на прв поглед.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Чиста, средена, ненаметливо осветлена и од звучниците сместени во аглите тивко се разлева песна. Звучи многу познато и дејствува смирувачки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Исто така разбравме дека делува смирувачки ако во семкарницата на нашето старо место купиме по еден фишек време и по еден џепен прирачник за безболно продолжување на самозалажувањето.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Освежувачки, смирувачки ноти во нови утра кои ни вдахнуваат енергија, кои не воздигнуваат и ни даваат сила слободно да се нурнеме во прекрасната, идилична, раскошна светлина и светоста на новиот ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Имам храброст да ја соголам душава и мојата интимна исповед да добие форма преку алегоричните со драматична аура секојдневија, преку копнежите насликани со акварели и некогаш смирувачки, елегични а некогаш агресивни, фуриозни и флуктуирачки движења на судбината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Беше тоа фантастичен и смирувачки зимски пејсаж. Идеален за галење на расплаканото дете во себе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тогаш беше возбудувачка, а сега блажено смирувачка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Овие зборови делуваа смирувачки врз Томо и Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Смирувачка леснотија мина низ нејзиното исцрпено тело. Но, радоста траеше кратко.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Молежлива, блиска, маѓепсничка и волшебна, умилна, заносна и ожална, ту гласна ем тивка, мека и смирувачка, страстна и вдахновена, побожна и трогателна, заводлива и нежна, радосна и слатка, ветувачка и измамничка, се разлева по ливадата песната на штурците, го преполнува воздухот, проникнува под секоја тревка, прекинува колку за да присобере здив и одново се разлева, одекнува, тече, се шири, се издигнува и лета и постојано без прекин и престан моли: - дојди - дојди - дојди...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)