смрдлив прид.
смрдливо прил.

смрдлив (прид.)

ТЕОДОС: А човек ли е кој пие смрдлива ракија и не гледа на чистота и личота човечка?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Се туркаат како овци в трло, се тријат од тебе како говеда од плот... извалкани, ќирливи, смрдливи...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Раскопани, буѓосани со обрачи 'ргосани, по темни изби мемливи ријат ги црвци смрдливи.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И животот ќе го употребиме пак за онаа цел... - Во овој смдрлив кауш, смешно!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во оваа смрдлива дупка ме зафаќаат соништа за животот на слободните луѓе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гледаш ококоравени лица на смрдливите постелчиња, уште во сон, во бунило. Во треска.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ми ја соблекоа униформата и почнаа да ме викаат смрдлив славофон.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога имала Кала една година, то ест, кога се родил Мил, мајка ѝ сакала да ја одбие. Ѝ ставала четка од чевли на боските свртена со влакната кон нејзината уста за да ја боцка - не помагало; ги мачкала грепците со смрдлива трева - не помагало: ги премачкувала со пипер за да ја испали - не помагало: Кала сѐ издржувала и цицала заедно со Мил.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се наоѓав во една рибарска колиба, некои жени и мажи ми ја мачкаа раната со смрдливи масла, а едно момче на моја возраст, во рацете држеше два остри заба и ми ги покажуваше со смеење.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ти – згоден патрициј, образован во Гимназионот, чиј конзул на филозофија беше Псел лично, јас – горда ќерка на дивиот нормански барон, која, од темниот смрдлив замок, во кој спиеше на подот, покриена со правливи кожи од мечки, пристига во светла палата, со ѕидни мозаици, егзотична трпеза и раскошна бања.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Пуштаат стомаци избегнувајќи ги скалите, јадат смрдливи сендвичи, пушат цигари, се муртат земајќи воздух при укањето на нечии нееманципирани потни жлезди.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Се сеќавам како тој ден се сетив: сега се Маргарита и Ана, но една недела пред тоа беа Паула и Офелија, сината девојка се симна на една од најлошите станици, на Монпарнас-Бјенвени која на најголемите шанси за пораз им ја отвора својата смрдлива хидра.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сега треба, да го довршам смрдливиот гад!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хероинските кури во Бенчимал Болницата. Кафетеријата во Интерзона, смрдливи, ништожни, јалови архетипови. И така натаму.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тој научи да се прилагодува, да мутира и да опстојува како чуден смрдлив клошар со изненадувачко аристократски манири и животинска виталност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И вкусот на главното јадење што мене ми се сервира има сличен, неподнослив, смрдлив вкус!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Помисли да купи уште едно пиво, кога старецот ненадејно стана и се одвлечка брзо во смрдливиот писоар при крајот од просторијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Електрична метла што вештерките ја јаваат кога не смукаат нешто друго. (Може да ги исчисти дури и валканиците од вашата смрдлива душа.) Како и да е, си ја знае работата.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Би го гледал в очи, би бил благ со него, ама би мислел како да му ја извади ѓаурската смрдлива маст.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мајка ми ми имаше раскажувано дека на времето семејството на тетка Олга се скарало со семејството на покојниот мој вујко, по што неговата жена почнале да ја викаат „Марија смрдливата“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Повеќе