смрзнува несв.
смрзнување ср.

смрзнува (несв.)

Во земјаницата од каде што набљудуваме фати таков студ што почнавме да смрзнуваме.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Меѓувремено, и покрај разораната збрканост, куклата се присети на гласот што и се одзва кога смрзнуваа во соспите на брегот од Леденото Езеро.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Господарката на северните снегови и шуми продолжи: „Во јужниот свет постои една изрека „Покрај сувото – гори и зеленото“ Ова, преведено на наш јазик значи: „Покрај смрзнатото смрзнува и несмрзнатото“.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Од студ се смрзнуваа кокошките и паѓаа, чиниш отепани со зрна градушка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Понекогаш се смрзнуваме на ѕитчето и целите студени и вкочанети влегуваме внатре за да се стоплиме.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На средината, тој беше како еден голем кањон помеѓу нив, кањон каде што се судираа спектакуларната возвишеност и понижувачкото растројство на стравот, каде што сувите бои на сонцето, со одблесок, се растопуваа од хоризонтот, а стравот од обелоденување на сопственото дно се нижеше на крвните жили, смрзнувајќи му ја душата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Крв да ви се стори! – мислеше Џ додека полека смрзнуваше во фрижидерот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И оттогаш, секогаш кога животот носеше студ од кој ми се смрзнуваше душата, јас му се надевав на оној топол ветер како на мелем.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не, не! Јас мразам змии. Не можам да ги поднесам змиите. Ми ја смрзнуваат крвта во жилите.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ја благословувам ноќта Го благословувам денот. (Метеори Ми смрзнуваат во дланкиве Додека го толкувам ѕвездениот гердан) Благословувам во пролет Благословувам во лето Благословувам во есен Благословувам во зима.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Крвта в жили се смрзнува, протокот нејзин од никаде, со ништо, а сепак некој го сопира.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Александар уште се смрзнуваше на споменот на посетата на Дарко во логорот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И велам, си велам јас, кога си помислувам за нив, колку повеќе нив си ги спомнувам, толку повеќе ги сакам, копнеам и болам, се топам и смрзнувам и се губам во мислата во која е собрано се она што беше куќа и сите во неа, што беше семејство и родбина, нива, лозје, градина, смеење и тажење, радости, болка и фален да е Господ Бог, затоа што се ни даде!...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тежат водените алишта и смрзнуваат. Свтрднува а шинелот, блузата, панталоните и стапалата во цокули.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)